Новите Panda и Тipo Гармин дебитираат на пазарот: двете специјални серии –– со строг лик на кросовер, авангардна технолошка опрема и гама на мотори со извонредни перформанси и одржливост. Тоа е идеален одговор за младите и динамични клиенти кои го користат автомобилот и за излегување во природа или пак уште поедноставно за да изнајдат пат за „бегство“ од секојдневната рутина.
Плод на договорот помеѓу марките Fiat и Гармин, глобално друштво кое повеќе од 30 години произведува уреди со вградена сателитска навигација, ова ново ниво на опременост се придодава на останатите, Cross и (Red) кои веќе придонесоа за успехот и на двата модела. Доволно е да се сфати дека Panda и Тipo претставуваат скоро 50% од вкупната продажба на возила FIAT, а верзиите крос(овер) на Panda и Тipo сочинуваат значителен процент миксот на продажба и на двата модела: еден од четири автомобили Panda се продаден во конфигурација крос(овер), со тренд на постојан пораст, додека еден од два автомобили e Tipo Cross.
Сега, ваквата тенденција се префрла на Специјалната серија Гармин, вистински „концентрат“ на разновидност, технолошка иновација и моќен дизајн. Тоа се две одлики на FIAT и Гармин, визија која ги интерпретира и ги задоволува потребите на еден динамичен клиент, спортски тип во постојана потрага по „паметни“ производи за доживување во град на истите емоции како при излегување во природа, задржувајќи ги и стилот и посебноста. И на двата автомобила се истакнува новата зелена боја на каросеријата Verde Foresta, ексклузивна за новата специјална серија Гармин, е јасна порака за аватуристички стил на живеење, збогатена со детали во портокалова боја, Ексклузивни надворешни карактеристики во светло-сива мат боја кои го нагласуваат аспектот на кросовер. Истата карактеристика се наоѓа и во внатрешноста, со специфичните седишта со детали во портокалова боја, каде разноврсноста и модуларноста на просторот се во состојба да ги исполнат потребите за разновидни доживувања и потреби.
Специјална серија Panda Гармин
Специјалната серија Гармин со леснотија и со стил се соочува со секојдневните обврски, се појавува со зелена боја на каросеријата Verde Foresta на која се истакнуваат неколку портокалови елементи, како што е лентата над страничните лајсни на штитниците, натписот “Panda” во центарот на тркалата од 15” во мат црн стил и беџот “Garmin” на централната рамка. На располагање, по барање, е и двојната кука за влечење во портокалова боја сместена на предниот штитник. Освен надворешниот свет и добросостојбата, корисникот на Panda Гармин побарува градски стил и силна личност. Токму од таа причина е создадена новата мат светло-сива боја, за маската под регистарските таблички, за задниот дел од надворешните ретровизори и за страничните штитници. Надворешноста е комплетирана со светлата за магла и предните DRL led светла, како и црните шипки на кров. Истата слика се сретнува и во внатрешноста, каде специфичниот црн штоф на седиштата е прошаран со детали во портокалова боја, како што се шевовите. Автоматскиот клима-уред е во серија, задните потпирачи за глава исто така, потоа DAB радиото со екран на допир од 7” co Bluetooth®, компатибилно со Apple Carplay/Android AutoTM и аудио-командите на волан.
Секако, на располагање има и други бои на каросеријата, како што се: млечно бела Gelato, сива Maestro и црна Cinema.
Специјалната серија Panda Гармин е опремена со хибридниот мотор Hybrid 1.0 GSE со 70 КC.
Специјална серија Tipo Гармин
И овој модел се карактеризира со ексклузивна зелена боја на каросеријата Verde Foresta. Специјалната серија Тipo Гармин содржи елементи во портокалова боја, како што се – налепница на страничниот дел, неколку инсерти на предната решеткаста маска кои сочинуваат триаголник и натписот “Garmin” на страничниот беџ на централната рамка – и детали во мат црна боја, меѓу кои рачките на вратите и шипките на кровот. Крајниот резултат е силна и смела комбинација на бои, која е дополнително засилена со новата светло-сива мат боја на задниот дел од ретровизорите, на маската под регистерските таблички, инсертите на предната решеткаста маска, рамките на светлата за магла, калниците и предните и задните браници. Секако дека новата верзија нема да остане незабележана во градската средина каде доминираат неутрални бои. Надворешноста ја комплетираат ексклузивните 17“ црни алуминиумски тркала со елементи во портокалова боја, предните и задните LED фарови.
Ентериерот ја отсликува истата надворешна карактеристика, за што сведочат деталите во портокалова боја на седиштата. Возачот може да ужива и во целосно конфигурабилниот дигитален збирен екран на допир од 7” TFT, кој овозможува контрола на состојбата на возилото, мултимедијалниот дел, како и телефонот. Дополнително, збирниот екран е искомбиниран со радио UConnect 5 со екран на допир од 10,25” кој обезбедува едноставно и удобно доживување, благодарение на безжичната врска за Apple CarPlay и Android AutoTM функцијата. Секако, максималната удобност во возилото е обезбедена и со автоматскиот клима-уред, темпоматот, електричните задни прозорци, трет заден потпирач за глава, преден потпирач за рака и мекиот тапацир на воланот и на менувачот.
Новиот Тipo Гармин нуди широка гама на системи за асистенција на возачот од најновата генерација (ADAS), кои го олеснуваат возењето и спречуваат потенцијални опасности. Тука е вклучен и Attention Assist, којшто ги открива првите знаци на замор кај возачот, по што испраќа звучно и визуелно предупредување на инструмент-таблата; Traffic Sign Recognition – Препознавање сообраќајните знаци, што ја препознава максимално дозволената брзина на патот; Intelligent Speed Assist – Интелигентна помош за брзина, којшто му предлага на возачот да ја постави брзината според дозволените ограничувања на брзината; Lane Control – Контрола за одржување во коловозна лента којашто го одржува возилото во средина на коловозната лента, под услов линиите за разграничување на коловозните ленти да се правилно исцртани.
На располагање се и седан и караван верзиите.
Специјалната серија Типо Гармин може да биде опремена со два мотора и тоа: дизел од 1.6 со 130 КC и новиот 1.5 T4 Hybrid.
Освен новата зелена Verde Foresta боја, Специјалната серија Типо Гармин е на располагање во: млечно бела боја Gelato, светло-сива Colosseo, темно-сива Maestro и црна Cinema.
Паметен часовник Гармин Venu Sq
Спортскиот дизајн е модерен, инспириран од урбаната атмосфера, искомбиниран со најсофистицираната технологија за контрола на физичката состојба, како што се отчукувањата на срцето, нивото на стрес и квалитетот на ноќниот одмор. Ова, накратко, е душата на паметниот часовник Гармин Venu Sq, најдобриот тренер за управување со секојдневната рутина и одржување на личната