Новиот Fiat 124 Spider е реинкарнација на легендарниот модел, наметнувајќи го својот класичен стил и неговите прформанси кои се типично италијански на новата гегенерација. Во чест на легендата комерцијализирана пред 50 години, новиот Fiat 124 Spider нуди искуство на вистински roadster – синоним за емоција, технологија и сигурност
– сето тоа срочено во оригиналниот италијански дизајн.
Неговите дизајнери од Centro Stile создадоа возило кое е инкарнација на нова перспектива, на класична убавина наследена од постариот брат од 1966. Изгледот напред остава впечаток на храбар авантуристички автомобил со две испакнатини на капакот на моторт кои го насетуваат моќниот мотор. Страничните пропорции се истите како на спортски автомобил, сугерирајќи хоризонтално поставен мотор.
За земјите од EMEA, Fiat 124 Spider е опремен со моторот 1,4 Turbo четири цилндри со технологија MultiAir, кој развива 140 КС при максимален вртежен момент од 240 Nm и мануелен шестостепен менувач. Во неговите одлични перформанси се вклучува и максималлната брзина од 215 km/h, со забрзување од 0 до 100 km/h за 7,5 секунди. 124 Spider е опремен со четиристрано потпирање напред и multilink назад со специјални подесувања на поголема стабилност при запирање и на свиоци.
Fiat 124 Spider ве кани на патување под отворено небо со примена на минимална физичка интервенција.
Високо технолошки сигурносни уреди
Новиот roadster располага со сите активни и пасивни сигурносни системи од кои се издвојуваат адаптивните светла на свиоци (AFLS), камера за движење наназад и системи за контрола на стабилноста како и цврста и издржлива но истовремено и лесна шасија. Од бројните високо технолошки уреди вградени во Fiat 124 Spider а кои допринесуваат за удобноста на патниците е екранот осетлив на допир од 7 инчи со дигитално команди за радио и мултимедијалниот свет, како и Bluetooth конекција и систем на отворање hands–free. Дизајн – интерпретација на модерна перспектива
Дизајниран во Италија во Centro Stile во Торино, Fiat 124 Spider сочува некои елементи карактеристични за претходниот модел на Spider од 1966 – неспорно прифатен кај најубав автомобил на Fiat на сите времиња. Fiat 124 Spider има истанчена фигура, безвременска, со привлечни странични пропорции, идеално избалансирани со ниско поставен центар на гравитација , својствено за еден спортски автомобил Сигурност
Новиот Fiat 124 Spider нуди во сериска опрема софистициран систем на стабилност со светла назад со LED, четири воздушни перничиња и ABS. Системот ESC ја зголемува контролата на автомобилот со задржување на стабилноста во сите ситуации. Исто толку важен систем е и EBD кој автоматски го прилагодува модулот за сила на сопирањето и го оптимизира растојанието на сопирање.
Во опционал новиот Fiat 124 Spider може да биде опремен со помош при паркирање назад, ParkSense, кој открива пречки при паркирањето како и камера за движење назад за прегледност на просоторт кој се наоѓа веднаш зад возилото. На располагање е исто така и системот за отворање без клуч, како и сензори за светлина и за дожд.