Новиот Abarth 695 посветен на 131 Rally: 40 години подоцна, легендата се враќа!
40 години по последната официјална трка на Abarth Rally 131, марката му оддава почит со лансирањето на специјална серија Abarth 695 Tributo 131 Rally, произведена во само 695 автомобили и лансирана насекаде во светот. Спортскиот карактер и вниманието на деталите се основата на ова ограничено издание кое следи по лансирањето на моделот 2022 година. Иновативната кампања „Augmented Performance“ визуелно ја пренесува новата гама на Abarth во атмосферата на метаверзумот.
Автомобилот за кој сонуваше цела генерација ентузијасти: Abarth 131 Rally се враќа во ново руво и по патиштата низ целиот свет На четириесетгодишнината од својата последна трка, марката на Скорпијата оддава почит, посветувајќи специјална серија Abarth 695 Tributo 131 Rally, која ќе биде ограничена на 695 автомобили и ќе се продава насекаде во светот.
Затоа, новата верзија на врвот на гамата е во чест на тркачката историја на Abarth. Всушност, трките отсекогаш биле дел од нејзината ДНК и, благодарение на технолошкиот „трансфер“, најиновативните решенија – тестирани на патеката за да се зголемат перформансите и довербата – се усвоени на автомобилите од сериско производство, обезбедувајќи адреналинско доживување во возењето. Ова е причината зошто новата специјална серија Abarth е автентичен концентрат на технологија во име на основните вредности на марката: перформанси и стил.
Abarth 695 Tributo 131 Rally е опремен со 1.4 Т- jet мотор кој испорачува 180 КС и вртежен момент од 250 Nm при 3.000 вртежи во минута. Максималната брзина е 225 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h е за само 6,7 секунди. Опремен е и со Koni FSD амортизери на двете оски и специфичен систем за кочење со алуминиумски Brembo шепи со 4 клипчиња однапред, и самовентилирани дискови од 305 mm и 240 mm одзади.
Опремата ја комплетираат црните алуминиумски тркала од 17“ со дијамантска форма и системот Record Monza Sovrapposto, еволуцијата на иконската цевка на издув на Record Monza со четирите вертикално поставени издувни цевки. Исто така стандарден е и варијабилната поставеност на спојлерот, прилагодлив во 12 позиции од 0° до 60° што ја подобрува стабилноста на кривини и поголем одговор на комбинирани делови, на пример, со накосеност од 60° и брзина од 200 km/h, аеродинамичкото оптоварување се зголемува до 42 kg.
Abarth 695 Tributo 131 Rally се карактеризира со уникатен и софистициран стил, со прецизни наследени карактеристики од неговиот историски претходник, како што е сосема новата двобојна трослојна сјајна сина боја „Blue Rally“, која ја реинтерпретира оригиналната боја на современ начин.
Abarth 695 Tributo 131 Rally е првиот автомобил на Скорпијата на кој има поставено „Easter Eggs“ (Велигденски јајца), мали „скапоцени камења“ што дизајнерите ги кријат за да ги воодушеват купувачите, како што е силуетата на 131 Rally изгравирана на долниот дел од вратата, на таблата обложена со кожа Алкантара и на потпирачите за глава на новите седишта.
Наменета исклучиво за специјалната серија, надворешната боја е збогатена со кров и носачи во црна боја Scorpione. Истата нијанса, во сина боја ја има и на задниот дел од а ретровизорите и на некои внатрешни детали. Монохроматските бои, сината „Blu Rally“ и сивата „Grigio Record“се исто така, на располагање
Во внатрешноста, спортскиот карактер се потврдува со седиштата во штоф, строго Sabelt, со вметоци и сини шевови инспирирани од оние на историскиот автомобил, но пренесени од современа перспектива.
Сето ова придонесува да се потсетиме на легендарната историја на Abarth 131 Rally којшто дебитираше во 1976 година во групата 4. Неговата палета од награди е завидна и може да се пофали со учество на шест светски рели шампионати (од 1976 до 1981 година) и победа на 18 меѓународни релија, три титули за Шампион од светот на Конструкторите (1977, 1978 и 1980 година) и две титули за Возачи, односно од Купот на ФИА возачите со Марку Ален и еден Светски шампион за Возачи со Валтер Рохрл.