Новиот 500X Cross Mirror, уште повеќе технологија и поврзаност

Новиот 500X Cross Mirror, уште повеќе технологија и поврзаност

Специјалната серија Mirror изобилува со уреди за поврзување и технологија на новиот 500X Cross: така е создаден новиот 500X Mirror Cross. Во серија е системот Uconnect 7” HD LIVE touchscreen co подготовка за  Apple CarPlay и компатибилност со Android AutoTM. Ова е прв пат во нивото на опременост Mirror да се вклучат содржини кои го збогатуваат на ваков начин моделот, осмислен за добро да се снаоѓа во градскиот сообраќај и којшто се карактеризира со специфичен изглед. Базиран на нивото на опременост City Cross, новата специјална серија на 500X е развиена за еден динамичен клиент кој сака да биде постојано поврзан и кога проаѓа низ авантурите надвор од градот. Моделот се претставува со каросерија во сина боја Blue Jeans, која ја нагласува технолошката вокација, co skid plate и шипки на кровот Ice Mirror во контраст. Бојата Blue Jeans е на располагање и во метализирана верзија. Помеѓу боите на каросерија бела Gelato, црна Cinema, сива Moda и сина Италија. Внатрешноста се карактеризира со специфични шевови во сина боја и со инструмент табла во мат сина боја Blu Jeans. Другите новитети се однесуваат на надворешноста каде најзабележливи се новите предни светла со технологија Full LED кои го прават изгледот на автомобилот уште посовремен и во согласност со обележјата на семејството 500. Карактеристичен елемент во дизајнот на автомобилот е потписот на LED технологијата која воведува модул во предната оптичка група и е синтеза на префинетост и технологија, кој има моќ на јасен и единствен начин да ја издвои предницата на новиот 500X. И задните оптички групи поседуваат LED технологија која што ја зголемува видливоста и сигурноста на пат и го прави моделот уште повпечатлив и попрепознатлив. Не недостасуваат засенчените детали како што се задниот дел од надворешните ретровизори, рамките, кваките на вратите и на задната врата и беџ Mirror на рамката. На крај, Фиат 500X Mirror е опремен со ексклузивни лиени наплатки со дијамантски ефект од 17”. Гамата на мотори е широка, може да се избере помеѓу трите бензински и четирите турбодизел Multijet мотори, на кои се поставени автоматски и мануелни трансмисии, со преден или интегрален погон. На овој модел се придодава и семејството на бензински мотори FireFly Turbo, во конфигурација со 3 цилиндри 1.0 (со 120 КС и 190 Nm максимален вртежен момент) co мануелна трансмисија со 6 брзини и преден погон и 4 цилиндри 1.3 (со 150 КС и 270 Nm максимален вртежен момент), co автоматски менувач и двојно квачило DCT со 6 брзини и преден погон. Кај бензинските мотори, на располагање е и 1.6 E-torq со 110 КС. Моќноста на Multijet започнува од 95 КС кај 1.3 co мануелен менувач до 150 КС кај 2.0 co автоматски менувач и девет брзини, со интегрален погон. 1.6 Multijet со 120 КС е на располагање со рачен пренос и 6 брзини или автоматски DCT со двојно квачило  co преден погон.

Ви треба информација? Разговарајте со нас