Новиот 500L S-Design: емоции и спортски дух за младите семејства
Со новата специјална серија на 500L се проширува семејството на Fiat S-Design која веќе ги поднови истоимените изданија кај моделите 500X, Tipo 5 врати и 124 Spider.
Наменета за младите и животот во метропола, специјалната серија 500L S-Design одушевува со динамизмот на моделот “Cool&Capable” на куќата Fiat.
Реализиран врз основата на верзијата Cross, новиот crossover 500L S-Design нуди подигната поставеност, спортски изглед и ексклузивна боја на каросеријата, мат бронзена со црн сјаен кров, како и детали со обработка Myron, наплатки од 17″ во две бои и специфичен спортски ентериер.
Најнапредни системи за поврзување преку системот Uconnect 7″ HD LIVE со екран на допир кој гарантира целосна интеграција со паметните телефони благодарение на апликациите Apple CarPlay и Android AutoTM.
На располагање се бензинските и дизел моторите со хомологација според стандардот Euro 6/D.
500L S-Design има за цел да го утврди успехот на моделот лансиран во 2012 и кој за само 5 години се зацврсти на врвот во сопствениот сегмент и кој во Италија е апсолутен лидер од самото негово појавување.