Новиот 500 Collezione како топ модел на модните настани низ Европа – Fiat Makedonija

Вести

Новиот 500 Collezione како топ модел на модните настани низ Европа

25 May 2018

180525_Fiat_HP-Milan3

Новиот Fiat 500 Collezione на турнеја како топ модел на најпрестижните модни настани низ Европа – од Милано и Лондон, до Берлин, Париз и Мадрид.
180525_Fiat_HP-London2
Новиот 500 Collezione ќе биде прифатен од страна на сите вљубеници во италијанскиот стил, кои ќе добијат можност да уживаат во прекрасниот новитет кој го прославува своето безвременско постоење, својата иконичност и персоналност кои не излегуваат од мода. Fiat 500 е безвременска икона, а сведоштво за тоа е и единствениот резултат во светот на автомобилите: единаесет години од неговото појавување оствари најдобра продажба на европско ниво, со преку 58.000 продадени примероци во првото тромесечје од 2018.
Fiat 500 Collezione Berlin 2018
Неговиот став, секогаш да биде во центарот на вниманието се гледа и во спотот “Новиот Fiat 500 Collezione, инспириран од самиот себе” во етерот на интернационално ниво. На оригинален начин, Fiat 500 Collezione се покажува како “топ модел” навикнат да чекори по најпознатите модни писти во светот. Fiat 500 Collezione во двобојна каросерија го вози млада манекенка која прави селфи со мобилен телефон, карактеристично за новата генерација. Совршен во својата улога на “дива”, постепено Fiat 500 Collezione станува и режисер на сопствениот спот, постојано истакнувајќи по некоја од своите карактеристики, како стилските детали, сè до степен на крајната слика, каде прекрасната манекенка го вози автомобилот ко станува манекен. Единствено и таква и може да биде улогата на автентичното италијанско ремек-дело кое влијае на модата, општеството и навиките. Со други зборови, засекогаш култ.
180525_Fiat_HP-Madrid1
Специјалната серија на Fiat 500 Collezione се претставува во затворена и кабрио верзија низ стилски детали кои се плод на реинтерпретација на естетските обележја кои го издвојуваат од останатите, co хромирани елементи на предниот браник, на капакот на моторот, на задните делови од надворешните ретровизори. Негова особеност е и бојата на каросеријата, секогаш нешто поинакво, нешто посебно. Тука се и наплатките од лесна легура од 16″ во сериска опрема, “го најавуваат” на естетски начин, доаѓањето на убавата сезона: може да се избере помеѓу новите двобојни каросерии како што се “Primavera” (бела и сива), “Acquamarina” (бела и зелена) и Avorio Taormina, во алтернатива, од Bianco Gelato (Мраз бела) до Blu dipinto di Blu (Сина), сите, збогатени со линија на убавина сиво/бело/сиво. Конечно, елегантното лого “Collezione” ракописно испишано се истакнува на задната врата. Истата елеганција го карактеризира и оригиналниот избор на внатрешноста. Таблата е во боја на каросеријата, бела со двобојната “Primavera” и зелена со “Acquamarina”. За внатрешниот амбиент се избрани свежи бои, во комбинација по две, за седиштата, седечкото перниче во сива боја, на линии, а грбниот дел во боја на слонова коска, на кој е извезено логото 500. И на патосниците е извезено логото Collezione. Во поглед на конективноста, новата специјална серија го нуди најдоброто од технологијата: на располагање е радиото Uconnect 7” HD LIVE, на кое може да се придодадат функциите, како Apple CarPlayTM и Android AutoTM , потоа навигатор со мапи Tom Tom. Тука е и екранот на допир од 7”, најголем во категоријата, а за љубителите на музикатаима систем Beats Audio Hi-Fi. Конечно, специјалната серија е на располагање со сите мотори во гамата 500.
180525_Fiat_HP-Paris11
Префинета, модерна и технолошка, специјалната серија Fiat 500 Collezione е новиот трибут на иконата на куќата Fiat која доаѓа по специјалните изданија, со кои, минатата година беа прославени неговите први 60 години: 500-60-ти и Anniversario. Fiat 500 отсекогаш е трендсетер кој останува верен на самиот себе со навистина уникатни специјални серии. Најсакани меѓу нив во последните 10 години беа 500C by Gucci, 500 by Diesel и 500 Riva.

Најново од Fiat