Новиот 500 ја освои титулата “City Car 2022” на наградите GQ Car Awards

Новиот 500 ја освои титулата “City Car 2022” на наградите GQ Car Awards

Списанието за мажи GQ го награди дизајнот и перформансите на Новиот 500, прогласувајќи го за “City Car 2022”. Новиот 500 досега освои 25 интернационални трофеи од кои 14 само во Обединетото Кралство .

При доделувањето на наградата на GQ Car Awards 2022 Новиот 500 беше прогласен за Автомобил на годината – “City Car of the Year”, благодарение на неговите извонредни перформанси и безвременски дизајн. Конкурсот на престижното списание за животниот стил на мажите GQ веќе го достигна четиринаесеттото ново издание, а на последниот посебен осврт беше даден на електричните возила.

Жирито беше фасцинирано од иконата на FIAT, резултат на италијанската креативност и генијалност, од неговиот безвременски стил и за неговиот иновативен мотор кој обезбедува одржливост и ефикасност. Сето тоа е истакнато со легендарната историја: уште од 1957 година,  овој симбол на Made in Italy и Dolce Vita стилот, со голема персоналност продолжува да ги придружува социјалните и културните промени во Европа. И денес, во услови на сè повеќе зелена мобилност, Новиот 500 е совршен и достапен одговор за оние кои внимаваат и на еколошките прашања преку современ и препознатлив дизајн.

Наградата добиена на GQ Car Awards е негово 25-то меѓународно признание, од кои 14 освоени само во Обединетото Кралство, вклучувајќи ја и титулата „Автомобил на годината и најдобар мал електричен автомобил 2020“ (Car of the Year and Best Small Electric Car 2020)доделена од Driving Electric, онаа „Најдобар градски автомобил 2021“ (Best City Car 2021) од Auto Express и неодамнешното „Најдобар мал градски електричен автомобил и најдобар кабриолет за вредноста 2022“ (Best Small Electric Car for the City and Best Convertible for Value 2022) доделени од магазинот What Car? Покрај овие престижни награди, наградата „Најдобар дизајн 2020“ од германскиот магазин Auto Motor und Sport, наградата „Најдобар концепт  дизајн“ од познатиот меѓународен натпревар „Red Dot Design Award“ и италијанската награда „АВТОМОБИЛ НА ЕВРОПА“ (AUTO EUROPA 2022).

Духот на Новиот 500 добро е претставен во рекламната кампања „Spark Something Beautiful“ достапна во Обединетото Кралство. Изработена во соработка со Џејкоб Колиер, добитник на 58 Греми награди и на Universal Music Group for Brands, рекламата беше дизајнирана на начин за да ја подигне свеста и да ја величи убавината на природниот свет. Ознаката на кампањата доаѓа од радосното возачко доживување на Новиот 500 и чувството на повторно поврзување со надворешниот свет, подобрено со тивкиот електричен мотор.

Ви треба информација? Разговарајте со нас