Новиот 500 ја освои титулата за најдобар градски автомобил – Best City Car на наградите за автомобил на годината во Велика Британија

Новиот 500 ја освои титулата за најдобар градски автомобил – Best City Car на наградите за автомобил на годината во Велика Британија

Новиот 500 беше прогласен за „Најдобар градски автомобил на годината“ од страна на 29-те специјализирани новинари кои го сочинуваат жирито за „Автомобил на годината во Велика Британија“. Победата ѝ овозможува на целосно електричната икона на FIAT да ги предизвика победниците од останатите девет категории кои се натпреваруваат за титулата „Автомобил на годината во Велика Британија за 2022 година“.

Уште една победа за Новиот 500 кој ја освои титулата „Најдобар градски автомобил“ на престижните награди во Велика Британија за автомобил на годината 2022 (UKCOTY). Овој триумф ѝ овозможува на италијанската икона да ја освои и титулата „Автомобил на годината во Велика Британија 2022“, предизвикувајќи ги победниците од останатите девет категории на натпреварот во Англија.

„Горди сме што го добивме и ова признание доделено на Новиот 500“ – коментира Оливие Франсоа, извршен директор на FIAT и директор на компанијата Stellantis на глобално ниво. „Тоа е вистински пример за иновација која се заснова на наследство и култура. Овој автомобил го величи најдоброто од минатото на FIAT, а истовремено,  вклучивме “all-in” во иднината за да им помогнеме на луѓето кои се грижат за заштитата на  здравјето на нашата планета. Целта на FIAT во оваа насока е да ја искористи сопствената сила како светски лидер во секторот на урбана мобилност за да помогнеме во изградбата на подобра иднина. И го правиме тоа на наш уникатен начин, внесувајќи го допирот на духот на италијанската Долче Вита во сечиј живот. На овој начин, луѓето ќе можат да се стремат кон нула емисии додека уживаат во убавината на животот“.

Достигнувајќи го шестото и целосно независно издание, конкурсот „UK Car of the Year Awards“ ги наградува најдобрите автомобили во Обединетото Кралство, преку гласање на жирито составено од 29 од најавторитетните британски новинари, специјализирани  во автомобилскиот сектор. Новиот 500 ги воодушеви со својот привлечен дизајн, ефикасноста на батеријата и што е најважно, конкурентната цена. Во доделувањето на трофејот клучна улога одигра и достапноста на кабриолет верзијата.

Алекс Грант, судија на UKCOTY, изјави: „Новиот 500 е совршено возило за електрификација: тој е подвижен и ефикасен градски автомобил, со голем број опции наменети за корисници со разновидни потреби и е првиот автомобил кабриолет со нула емисии на пазарот. Под сиот тој стил се наоѓа вистинската суштина“. Истото го повторува и Гај Бирд, судија на UKCOTY и хонорарен автомобилски новинар, кој додава: „Уште една извонредна интерпретација на иконата од 1957 година, сега целосно електрична и совршено прилагодена на своето време, а истовремено ги задржува особеностите на оригиналот“.

Ви треба информација? Разговарајте со нас