Новиот 500 ја освои наградата “Најдобар дизајн за 2020” на конкурсот “Autonis 2020” кој што го организира “Auto Motor und Sport”
Веднаш по неговото претставување, интернационалниот печат го прогласи Новиот 500 за автомобил со “Најдобар дизајн за 2020”, награда која ја доделуваат читателите на германското списание “Auto Motor und Sport”
Новиот 500 ја освои наградата “Најдобар дизајн за 2020”, во неговата категорија, доделена од страна на читателите на германското списание “Auto Motor und Sport” кои гласаа на конкурсот “Autonis 2020”. Новиот 500 доби едно од најпрестижните признанија на полето на дизајнот , победувајќи ги конкурентите, благодарение на неговиот единствен стил кој продолжува да воодушевува и да плени.
Наградата “Autonis 2020” се придодава на неодамнешниот триумф на “Red Dot Design Award”, во категоријата Design Concept, каде Новиот 500 победи со гласовите на интрнационалното жири составено од 21 професионалец и доценти по дизајн, помеѓу најзначајните во светот.
Оливие Франсоа, Претседател на брендот Fiat, изјави: «Наградата “Autonis” освоена благодарение на гласовите на читателите на “Auto Motor und Sport” е значајно признание за Новиот 500 и истата се придодава на престижната награда на Red Dot Award, каде победи пред некоја недела. Значењето на оваа награда е уште поголемо од две причини: првата, затоа што е доделена од страна на народното жири, составено од читателите кои, очигледно, се вљубени во Новиот 500; втората, затоа што е доделена на еден електричен пазар, како што е германскиот, кој достигна одредена зрелост и пред сè со значајни играчи на овој пазар. Сето ова ме прави исклучително горд и многу позитивен кога мислам на лансирањето на Новиот 500 во Германија која за нас претставува еден од главните пазари ».
Клаус Бусе, директор за дизајн во FCA ЕМЕА изјави: «Благодарни сме за честа која германските вљубеници ја укажаа на Новиот 500, во овој континуиран процес на обновување на врската помеѓу минатото и иднината. Тоа е јасно видливо на Новиот 500, како во предниот дел којшто е модерен и покрај тоа што ја задржува фамозната „насмевка“ обележје на Fiat, така и во силуетата која се развива вдолж централната линија која ја среќаваме кај сите три генерации на моделот. Сè на сè, дизајнот на Новиот 500 совршено ги комбинира пропорциите на волуменот. чистите линии, заоблените површини и препознатливите елементи, како што се тркалезните фарови однапред, или пак тркалезната инструмент табла внатре. Новиот 500 е современа интерпретација на еден автомобилски мит способен да еволуира во се поодржливо средство за движење во град, којшто истовремено ја почитува околината».