Новиот 500 ја доби својата 19-та награда во Европа за најдобар автомобил “Best Car Award 2021” на Le Moniteur Automobile
Новиот 500 е одликуван со престижната награда на Le Moniteur Automobile, белгиско списание за возила. Номиниран за најдобар автомобил 2021 – “Best Car 2021” во категоријата електрични градски автомобили.
За Новиот 500 гласаа читателите на познатото белгиско списание, пред сè поради неговите напредни технички карактеристики, за изборот на бројните варијанти на каросерија и за неговиот иконски дизајн.
Новиот 500 ја доби 19-та награда во Белгија како најдобар автомобил, “Best Car 2021”, во категоријата на мали електрични автомобили, благодарение на гласовите на читателите на списанието Le Moniteur Automobile, кое е еден од најважните outlet медиуми за автомобилскиот сектор во Белгија.
Воведена прв пат од ова списание, оваа награда ги отсликува желбите на читателите кои едногласно го изгласаа иконскиот модел на Fiat за најдобар. Читателите на Le Moniteur Automobile дадоа пофалби за иконскиот дизајн на моделот, како и широката гама на стилови на каросерија кои ги нуди (затворен, кабриолет, 3+1), потврдувајќи го Новиот 500 како реален предмет на посакување.
Наградата се надоврзува кон многуте трофеи кои ги освои Новиот 500, меѓу кои и “Green Car” на French Automobile Awards 2020, “Car of the Year and Best Small Electric Car” на Driving Electric и најновата италијанска награда “AUTO EUROPA 2022”. На овие престижни интернационални признанија се придодава наградата за „Најдобар дизајн 2020” на германското списание Auto Motor und Sport и онаа за „Најдобар дизајн на концепт” на познатиот интернационален конкурс “Red Dot Design Award”.
Со производство на Новиот 500 се гордеат во комплетно обновената фабрика Мирафиори во Торино, центарот на извонредноста за производство на електрични автомобили, каде 500-тката се враќа по 50. Фабриката Мрафиори е дел од екосистемот Fiat во чијшто центар се наоѓа токму Новиот 500. Екосистемот се состои од V2G “Vehicle-to-Grid”, најголемиот електричен хаб во Европа, благодарение на кој возилата BEV можат да ја складираат електричната енергија која повтроно може да се употреби во градската мрежа во случај на зголемена побарувачка од страна на корисникот. Stellantis&You Torino, место создадено за “шокирање” на пазарот, како ново лице на мобилноста.
За да се комплетира екосистемот Fiat, пред неколку недели беше отворена новата Куќа на 500 и Писта за 500.
Куќата 500 не е само традиционален музеј, туку и патување во иднината на Fiat, кое започнува уште од времето на Dolce Vita, автентичниот италијански дух. Пистата за 500 е најголемата градаина на покрив во Европа и има длабоко симболично значење, бидејќи стана систем од „бели дробови“ на градот.
Лансиран во месец март 2020, Новиот 500 веќе собра 19 интернационални награди во 6 земји.
Новиот 500 е најпродаваниот автомобил во Европа во сегментот на градски автомобили со удел на пазарот еднаков на 24%, лидер на пазарот на електрични градски автомобили во 13 земји и е најпродаваниот автомобил во целокупната панорама на електрични автомобили во Италија. Откако беше лансиран на европските пазари, Израел и Бразил, Новиот 500 е на пат да стане првиот електричен градски автомобил, “all-in” на светско ниво.