Новиот 500 продолжува да собира меѓународни награди: избран за „Автомобил на годината и најдобар мал електричен автомобил“ во Велика Британија и „Зелен автомобил 2020“ во Франција

Новиот  500 продолжува да собира меѓународни награди: избран за „Автомобил на годината и најдобар мал електричен автомобил“ во Велика Британија и „Зелен автомобил 2020“ во Франција

Првиот целосно електричен автомобил на FCA додава уште две награди во својата палета од награди, со што вкупно добиени досега во Европа се 4 на број.
Во Франција, Новиот 500 ја освои наградата „Зелен автомобил“ на наградите за автомобили во 2020 година, а во Велика Британија е прогласен за „Автомобил на годината и најдобар мал електричен автомобил“ од DrivingElectric.
На палетата награди, се придодаде и престижната „ Red Dot Design Award “ доделена од меѓународно жири и титулата „Најдобар дизајн 2020“ на германскиот магазин „Auto Motor und Sport“.
Неколку недели по презентацијата пред меѓународниот печат, Новиот 500 продолжува да ја фасцинира европската јавност, извојувајќи двојна победа – прво во Франција, а потоа и во Велика Британија – со што ги збогати своите палета со „Зелениот автомобил“ на Автомобилските награди 2020 и „Автомобил на годината и најдобар мал електричен автомобил“ доделен од DrivingElectric, кои се приклучуваат на наградата „Најдобар дизајн 2020“ на германскиот магазин „Auto Motor und Sport“ и на „Најдобар дизајн концепт“ на познатиот меѓународен натпревар “Red Dot Design Award”.
Во Франција, Новиот 500 го освои признанието „ Green Car“ на наградите за автомобили во 2020 година, награда што му ја додели жири составено од експерти од автомобилската индустрија, ентузијасти и крајни потрошувачи, вклучувајќи го и почесниот гостин, актерот и хуморист Арно Дикре. И, исто така, во Велика Британија новиот модел го освои својот прв трофеј: престижната титула „Автомобил на годината и најдобар мал електричен автомобил“, доделен од специјализираниот сајт „DrivingElectric“ кој го оцени неговиот елегантен дизајн, технологија, корисна автономија до 320 км и цената на неговата стартна позиција.
На оваа двојна победа и претходеа уште два посакувани трофеи, неодамна освоени во Германија. Првиот во октомври кога Новиот 500 ја освои „Red Dot Award 2020“ – една од најпосакуваните награди во светот посветена на индустрискиот дизајн – во категоријата Дизајн концепт. Судејќи според жирито составено од 21 професионалец и професори по дизајн меѓу најважните во светот кои oваа година оценија над 4.100 апликации од 52 земји.
Истиот успех го постигна еден месец подоцна со титулата „Најдобар дизајн 2020“, во својата категорија, што му ја доделија читателите на германскиот магазин „Auto Motor und Sport“, кои го дадоа својот глас во конкуренцијата „ Autonis 2020“. Новиот 500 на тој начин освои една од најпрестижните награди во областа на дизајнот, победувајќи ги конкурентите со конвенционален погон, благодарение на неговиот уникатен стил кој продолжува да ги воодушевува и да ги тера луѓето да се вљубуваат во него.

Оттука, четири престижни награди, кои потврдуваат дека од технолошка и дизајнерска гледна точка, Новиот 500 е способен да направи револуција во светот на електричната мобилност.
Првиот 100% електричен автомобил на FCA, и понатаму останува вистински 500. Батеријата од 42 kW му овозможува голем опсег, до 320 км во циклусот WLTP, кој достигнува 450 во урбаниот циклус и е опремен стандардно во двете верзии Passion и Icon, брзо полнење од 85kW. Потребни се само 5 минути за да се наполни, за да помине 50 километри, повеќе отколку што е потребно за просечна дневна употреба. Покрај тоа, брзото полнење полни 80% од батеријата за само 35 минути. Од гледна точка на изведбата, батериите се комбинираат со електричен мотор со моќност од 87 kW од 118 КС, што обезбедува максимална брзина од 150 км/ч (самоограничено), забрзување од 0 до 100 км на час за 9,0 секунди. и од 0 до 50 км/ч за 3,1 секунда.
Новиот 500 е опремен со „Напредни системи за помош на возачот“ на АДАС кои го прават возењето полесно, побезбедно, поедноставно и уште позабавно, како и првиот автомобил во неговиот сегмент што е опремен со автономно возење на ниво 2. Но, инженерите на FCA не застанаа овде. Тие сакаа да ја направат технологијата похумана, со примена на специфични решенија по мерка на 500: од напредните системи за помош на возачот што овозможуваат надолжна и странична контрола на автомобилот, до сензорите коишто откриваат кога возачот ги држи рацете на управувачот: мониторинг нивото за ризик е многу попрецизно и ова ги прави автоматските предупредувања помалку наметливи. И не само тоа, тука се и системите: Lane Centering (Центрирање на коловозната лента) со чија помош Новиот 500 ја одржува својата позиција во средината на лентата; Urban Blind Spot кој преку ултразвучни сензори ги контролира слепите агли и предупредува преку триаголен светлосен сигнал – кој се појавува на страничното ретровизор – доколку има пречки. Додека 11-те сензори од 360 степени нудат поглед на беспилотно летало за да се избегнат сите пречки, при паркирање и во најсложените маневри: еден вид поглед од небото што ги гледа сите пречки.
Новиот 500 е исто така и автомобил со најобемно поврзување досега. Ова го покажува новиот систем за информирање и забава од петтата генерација UConnect 5 – поврзаната платформа (интерфејс) на иднината од FCA, достапна со екран на допир од 7″ на верзијата PASSION и екран на допир од 10,25″ на верзијата ICON – со прилагоден интерфејс и напреден систем за препознавање глас кој се активира преку звучникот со зборовите „Еј Фиат“. Функциите за поврзување се овозможени од новиот UConnect Box, преку кој е можно да се пристапи до „Услугите на UConnect“ од Новиот 500, на пример, трансформирајќи го во WiFi центар на кое можат да се поврзат до 8 уреди истовремено. Овие услуги за поврзување припаѓаат на повисоките сегменти и за прв пат Фиат ги прави достапни на автомобил од сегментот А со функции развиени специјално за светот на електричните автомобили.
Новиот 500 е на располагање и во седан верзија, потоа кабриолет и досега невидената варијанта 3+1, која се карактеризира со трета, мала врата од страната на совозачот.

Ви треба информација? Разговарајте со нас