Новиот Фиат 500 помина преку новиот мост во Џенова

Новиот Фиат 500 помина преку новиот мост во Џенова

Новиот Фиат 500 помина преку новиот мост во Џенова, Сан Џорџо: новиот Фиат 500 и градот Џенова симболично соединети на патеката кон иднината на технологијата и одржливоста

• Новиот Фиат 500, првиот целосно електричен автомобил на ФКА, помина преку мостот во Џенова, Сан Џорџо на денот на отворањето на истиот за сообраќај.

• Италијанската икона, симболот на “Made in Italy” низ светот, денес новиот Фиат 500 станува симбол на позитивност и ренесанса на Италија која храбро гледа кон иднината.

А, кој друг ако не новиот Фиат Fiat 500, симболот на “Made in Italy” и на економскиот подем, требаше да го отвори сообраќајот на новиот мост во Џенова Сан Џорџо, дело на архистарот Ренцо Пиано.
Новиот Фиат 500 – целосно електричниот автомобил на Групацијата Фиат крајслер Автомобили – ги помина 1.067-те метри на мостот во Џенова на самото негово отворање, пред виадуктот да се отвори за секојдневен сообраќај.
Новиот Фиат 500 “првиот” кабриолет на чиј кров се виореа знамињата на Италија и на Џенова, е симбол на една поинаква Италија, Италија која знае да се издигне и која сведочи дека заедно, со обединети сили и надлежности може да се соочиме со патот на ренесансата.
Спореден со Фиат 500, моделот од пожолтените фотографии од минатото, кој крстареше по патиштата од север кон југ и обратно, новиот Фиат 500 ги помина 760-те километри по автопатот на Сонцето, лесно, исто како и во тоа време. Затоа што Фиат 500 е синоним за иновација и обнова: автомобил кој е во состојба да вози и на поаѓањето инспирирајќи се од позитивниот став и носејќи ги преку националната граница дизајнот и елеганцијата, типични за Италија.
И ако новороденчето на марката Фиат претставува иднина во индивидуалната мобилност, одржливот и технологија, мостот на Полчевера – изграден во рекорден рок – е дело на врвно инженерство и има за цел да стане новиот симбол на Џенова во иднина.

Торино, 5 август 2020

Ви треба информација? Разговарајте со нас