Новиот Фиат 500 нa Consumer Electronics Show (CES) 2022 во Лас Вегас
• Новиот Фиат 500 е изложен во во верзиите 3+1 и Нов (500)RED, во зоната за електрични возила на штандот на Стелантис.
• Италијанската марка се истакнува во внатрешноста на Групацијата претставувајќи го својот најтехнолошки и иконски модел: Новиот 500, целосно електричен, кој претставува едноставна и радосна мобилност за сите, нова dolce vita
• Напредната електрификација, технологијата во внатрешноста, екраните преку кои се следи автономијата и поврзувањето се опипливи примери за транзицијата на Стелантис кон одржлива технолошка мобилност
Италијанската икона во верзиите Нов 500 3+1 и Нов (500)RED, е изложена во рамките на зоната за електрични возила, една од четирите зони на штандот на Стелантис.
Саемот на возила CES® 2022, кој се одржува од 5 до 8 јануари, е настан за високата технологија од најголема важност во светот и е идеална рамка за претставување на можностите на Стелантис денес како и за најавување на иднината од областа на напредната електрификација, технологијата, автономијата и поврзувањето.
Италијанската марка се истакнува во рамките на Групацијата го својот модел-икона опремен со највисока технологија: ФИАТ на извонредно ниво. Новиот 500, целосно со електричен погон е проектиран за наредната деценија и за да ги задоволи потребите за електрична мобилност во градовите во иднината.
Новиот 500 е вистински камен-темелник во процесот на електрификација на ФИАТ: моделот ФИАТ, најпопуларната икона е целосно електричен и само електричен. Во светот, Фиат 500 е симбол на италијански автомобил: убав, со класичен дизајн, уметничко дело, инспирација. Со еден збор: икона.
Новиот 500 е целосно развиен , проектиран и произведен во Торино, роднот град на 500, и е најпродаван автомобил со електрични батерии на куќата. Станува збор за воистинска икона на светско ниво, која може да се сретне насекаде во Европа, во Израел, во Бразил, а во 2022, предвидено е негово лансирање на пазарот во Јапонија.
Малечкиот електричен Фиат ги совлада “конвенционалните” предрасуди за електричните возила: со автономијата (до 320 Km WLTP, која во градско возење изнесува 460 km), времето на полнење (Fastcharge 85 kW во серија) и леснотијата на користење (“Tech it easy”). Новиот 500 е првиот градски автомобил со асистенција при возење од ниво 2, и е на располагање во 3 различни типови на каросерија: лимузина, кабриолет и 3+1.
Благодарение на системот за информирање и забава Uconnect од 5° генерација, Новиот 500 е постојано поврзан. “Hey FIAT” е напреден систем за гласовно препознавање којшто овозможува да се разговара со автомобилот со едноставно изговарање на клучните зборови: “Hey FIAT”.
Новиот 500 3+1 е најразноврсен Фиат 500. Располага со една “магична врата” единствена од таков вид, која овозможува лесен пристап на патниците и на сè што некој може да замисли да стави на задните седишта.
Оваа “магична врата” хармонично се вклопува во структурата на автомобилот без да го промени неговиот дизајн ниту пак димензиите кои остануваат истите за да се задржи агилноста на овој градски автомобил. Од друга страна пак, значително се подобрува практичноста на користење, за да им се овозможи на патниците да пристапат кон задните седишта или пак да внесат гломазни предмети. Всушност, централниот столб – каде што вообичаено удира влезната врата – наместо тоа е совршено интегриран во третата врата која, кога ќе се отвори, создава огромен простор за пристап.
Новиот (500)RED е “Made for the Planet, Made for its People”, осмислен за планетата и за луѓето и има јасна мисија: да ја заштити околината и луѓето: тој е електричен, ја заштитува околината и го дава својот придонес за поодржлива иднина. Оваа мисија оди и понатаму, co (RED) зад воланот. Новиот (500)RED е 100% електричен и дава свој придонес во борбата против загадувањето и истовремено е автомобил со најголема етичка содржина, благодарение на соработката со (RED). (RED) е организација основата од Боно и Боби Шривер, која веќе 20 години се бори против пандемиите. Фиат заедно со марките Џип (Jeep) и Рам (Ram), е ангажиран да донира преку 4 милиони долари како поддршка на активностите на Global Fund против пандемиите на светско ниво, во наредните три години. Новиот (500)RED е совршен амбасадор за пренесување на пораката и во Соединетите држави благодарение на присуството на CES.