Новиот оригинален и извонреден Fiat 500 Riva спој на две безвременски италијански легенди

Новиот оригинален и извонреден Fiat 500 Riva спој на две безвременски италијански  легенди

Две апсолутни легенди, од автомобилизмот и морепловството создадоа нов предмет кој секој го посакува, а кој претставува симбол на познатата италијанска убавина.
Легендата Fiat може да блесне во најубаво светло за својот роденден на 4 јули. Неспоредлив стил производ на страст и обоени детали за да понуди ексклузивно крстарење.

Култниот автомобил Fiat 500 е роден во 1957 и до денес е продаден во повеќе од 4 милиони примероци.

Легендарниот 500 е повеќе од обична потреба за подвижност, тој е одраз на една цела генерација која сака да ужива! Овој ентузијазам се прославува со Aquarama, и брзиот брод Riva, синоним за елеганција и софистицираност.

Главните карактеристики на новата генерација на Fiat 500 комерцијализирана во 2007 се изгледот и елеганцијата. Овој автомобил кој истовремено е ексклузивен и достапен
е светски best-seller со чисто италијанско потекло.

Во 2015, Fiat 500 претрпе редизајн на надворешноста и на уредувањето на ентериерот за да ги задоволи и најпребирливите клиенти нудејќи им повеќе технологија, повеќе мотори и избор на персонализации: иконата постана вистинско ремек-дело !

Денес, Fiat и Riva создадоа нова специјална серија: 500 Riva, со оригинален стил и грижливо обработени детали. Бојата на каросеријата « Evening Blue » и на покривот – ексклузивно создадена за 500 Riva – е идентична на Aquariva Super, наследникот на легендарниот Aquarama. Во централниот дел на командната табла се наоѓаат ексклузивните вметоци од махагон дрво за идентификација на марката Riva, нудејќи им на патниците топол амбиент.

Силата на Fiat 500 и елегантниот стил на Riva ветуваат квалитетен автомобил со одлична технологии и дизајн, останувајќи верен на вредностите на двете легендарни марки со безвременски шарм. 500 Riva ги има сите предиспозиции на луксузен брод со елегантен стил, перформанси и комфор, правејќи од секое патување ексклузивно патничко крстарење.

Ви треба информација? Разговарајте со нас