Нова и оригинална песна за прв пат изведена во филмот “La Dolce Vita” го придружува новиот спот “The Driver” (Возачот) co Леонардо ди Каприо и Новиот 500 Во главните улоги

Нова и оригинална песна за прв пат изведена во филмот “La Dolce Vita”  го придружува новиот спот “The Driver” (Возачот) co Леонардо ди Каприо и Новиот 500 Во главните улоги

Во етерот е пуштен новиот спот “The Driver”, во кој главните улоги ги толкуваат големиот борец за заштита на околината и Оскаровец, Леонардо ди Каприо, и Новиот 500. Погледнете го спотот на следниот линк.
Звучниот столб ја вклучува и оригиналната песна, како што е обеледенето, снимена за филмот “La Dolce Vita” на Федерико Фелини, извадена од архивот на CAM Sugar.

FIAT го претставува “The Driver”, новиот спот за Новиот 500 режиран од неколкупати наградуваниот режисер Мартин Вернер. Спот во холивудски стил низ кој провејува оригиналната песна од’60 години: “La dolce vita (оригиналната вокална изведба)”, песна од ремек-делото на Федерико Фелини наградено со Оскар.

Сликите од спотот се придружени со песната чиј текст го напиша поетот Дино Верде – во годината кога се слави Стогодишнината од неговото раѓање – интерпретирана од пејачката и актерка Катина Раниери. Повеќепати во песната се слуша стихот “dolce strada” (сладок пат), преку кој се прикажува врската со “La Dolce Vita” на Федерико Фелини. Мелодијата ја пронајде FIAT вокаталогот на CAM Sugar, италијанска дискографска куќа, која поседува збирка од филмска музика создадена низ историјата, во која се наоѓа и музиката од Амаркорд на маестро Нино Рота, којашто беше искористена за претставувањето на AVAS на Новиот 500.

«Горди сме што го откривме овој музички бисер, токлу значаен во ’60-те години за филмот “La Dolce Vita” на Федерико Фелини, автентичен манифест на италијанската уметност во целиот свет – прокоментира Оливие Франсоа, директорот на FIAT и Глобалниот генерален маркетинг директор на Стелантис (СЕО и CMO) -. Тоа е мелодија со значајна историска и културна вредност, која и денес на сите вљубеници во стилот Made in Italy и во историската икона 100% електрична и само електрична. Јасно е дека овој скапоцен модел на ФИАТ ќе придонесе да се создаде подобра иднина. Овој амбициозен проект беше веднаш прифатен од страна на Леонардо ди Каприо, американски актер, отсекогаш активист за заштита на околината во борба против климатските промени и за заштита на биодиверзитетот. Извонреден звучен столб, маестрална изведба на Оскаровецот Леонардо ди Каприо и извонредна режија на режисерот Мартин Вернер, ја истакнуваат иновацијата и убавината на најбараното од иконата на FIAT, со целосно испочитување на славната италијанска Dolce vita во целиот свет».

«Ентузијасти сме за обновената соработка со ФИА, кој за рекламата за Новиот 500 избра песна која симболично го претставува италијанскиот талент и сон – изјави Филипо Шугар, претседател и извршен директор на Sugar Group-. Изненадувачка верзија, застаната во времето, која ги спојува музиката на Нино Рота и гласот на Катина Раниери, бисер што го изнесовме на виделина од архивите на CAM Sugar, кој со преку 2000 саундтракови е најбогатиот и најрепрезентативен италијански музички филмски каталог. Тоа е резултат на прецизната работа за зачувување на вредноста на италијанската култура, согласно проектот на FIAT кој гледа кон иднината за мобилност компатибилна со еколошката одржливост».

Се наоѓаме во Лос Анџелес, Universal Studios. Леонардо ди Каприо штотуку заврши со снимањето и му ги предаде клучевите од неговиот Нов 500 на возачот. 100% електричен градски автомобил, убав, поврзан и иновативен, но не толку близок до идеалот за автомобил на возачот. Актерот првично се обидува да ги објасни причините за неговиот избор, кои за него се пред се еколошки. Но, наскоро покажува дека има и други карти за играње. И успева да го премисли скептичниот возач, кој се вљубува во иконата на FIAT речиси без да го сфати тоа.

Продуциран од креативната агенција Лео Бурнет, новиот спот „The Driver“ го режираше режисерот Мартин Вернер за продукциската куќа Movie Magic. Наградуваниот и познат по работата со актери како Џорџ Клуни, Бенисио Дел Торо и Кристофер Вокен, режисерот Вернер може да се пофали со извонредната способност да управува со комичниот тајминг, како и со префинетата смисла за хумор што никогаш не е претерана. Сето тоа можете да го видите и во спотот „The Driver“, едноставна приказна, но со голем комедијален потенцијал, каде јасно се видливи некои од неговите стилски карактеристики: од употребата на природна светлина до грижата за фотографијата типична за големите филмови. Покрај тоа, режисерот избра да го третира Новиот 500 како автентичен и фасцинантен „актер“ во рамките на наративот.

Песната “La dolce vita (оригинална вокална верзија)” на Нино Рота и Катина Раниери е објавена како синг од страна на CAM Sugar за оваа пригода и може да се слуша на сите стриминг платформи.

Ви треба информација? Разговарајте со нас