Нова гама Fiat 500: иконата се подновува и се збогатува со верзиите на врвот во гамата Star и Rockstar

Нова гама Fiat 500:  иконата се подновува и се збогатува со верзиите на врвот во гамата Star и Rockstar

• Подновена и проширена гама на ремек-делото Made in Italy кое, на дванаесет години од неговото создавање, продолжува да ја изненадува Европа со бројните рекорди.
• Премиерен настап на двете, комплетно нови верзии на врвот во гамата: префинетата 500 Star, за оние кои бараат врвна елеганција и моќната 500 Rockstar за оние кои го сакаат спортскиот изглед на моделот.
• За прославата на 120-иот роденден на марката, клиентите на Фиат кои ќе ги купат новите верзии на на новата гама 500 ќе имаат вкупно 6 месеци подарок од Apple Music да слушаат без реклами преку 50 милини песни.
• Сè повеќе и повеќе поврзана: освен новите верзии Star и Rockstar и верзиите Lounge и Sport во серија нудат Uconnect 7″ HD LIVE со екран на допир и подготовка за Apple CarPlay и компатибилност со Android AutoTM.
• Моќниот премиум уред BeatsAudioTM сега е во серија на ексклузивната 500 “120°”.

Поелегантна, префинета и богата со технологија: во салоните пристигнува новата гама Fiat 500 која се збогатува со значајни подновувања, меѓу кои се истакнуваат двете нови верзии на врвот во гамата Star и Rockstar наменети за младите и софистицирани клиенти.
Лансирана во 1957 и обновена во 2007, ненадминатата убавица, Fiat 500, беше првиот автомобил којшто ја “моторизира” Европа и потоа револуционерно влијаеше на комплетната категорија на градските автомобили нудејќи, за прв пат, ниво на стил и технолошка иновација кои претходно не биле видени во овој сегмент. А денес, уште еднаш 500 прави чекор напред покажувајќи ја својата вродена вокација на трендсетер.
Ги содржи сите состојки кои ја означија среќата на овој автомобил-симбол Made in Italy кој и денес продолжува да ја воодушевува Европа: довоно е да се навратиме на 2018 кога го одбележа својот најголем прогрес со речиси 194.000 новорегистрирани возила (заедно Фиат 500 и Abarth 595) и на март оваа година кога се потврди како најпродаван автомобил во неговиот сегмент, и втор во тромесечјето, зад исто така извонредната Panda.

Комплетно нова гама за поразличен и поличен избор
Карактер, стил и ексклузивност: тоа се особеностите на моделот кој продолжува да зборува за себе и кој денес, е уште поедноставно да се избере. Почнувајќи од 500 Pop – влезната “врата” во светот на 500 – клиентот веднаш може да одбере од двете навистина различни изданија: она кое вдахнува со елеганција и она спортското. Првото издание е со ниво на опременост Lounge, кое својот максимален израз го добива во верзијата Star, додека второто, поспортско се наоѓа на моќната верзија 500 Sport и на новата уште подинамична Rockstar. Богати со сериска опрема и двете нови верзии, меѓу кои се истакнува радиото Uconnect 7″ HD LIVE со екран на допир – со подготовка за Apple CarPlay и компатибилност со Android AutoTM –
Комплетната нова гама на специјалната серија 500 “120° роденден”, славеничката верзија се збогатува и со премиум уредот BeatsAudioTM во сериска опрема.

Нов 500 Star, максимална елеганција
После постигнатиот успех на верзијата Lounge, марката Фиат реши да создаде уште побогато и поелегатно ниво на опременост: Фиат 500 Star. Помеѓу поголемите новитети на новата верзија, тука е новата бела боја Stella, збогатена со розе нијанси која совршено се вклопува со хромираните елементи на наплатките од 16” и стаклениот кров Skydome, елементи кои се нудат во серија, вклучувајќи ги и задните светла за магла.
Ексклузивноста на надворешноста се одразува и во новата внатрешност на верзијата Star, максималниот израз на стил во гамата 500, која ја има во две комбинации на бои, песочно бела и црна и елегантната обработка Matelassé со детали во екокожа ил извезеното во бордо боја лого 500. И таблата, која досега беше во боја на каросеријата, од денес ќе може да се одбере една од двете нови бои: песочно бела со бисерна обработка и мат бордо. Ве центрот на таблата се наоѓа дигиталната инструмент табла со екран на допир од 7”, најголем во категоријата.

Ви треба информација? Разговарајте со нас