Денес дебитира новата гама на иконата Аbarth изразена во два модели, две верзии на моќ и четири нивоа на персонализација верни на сопствената ДНК.
Отсекогаш, Abarth го трансформира редовното во нешто извонредно, како што налагаат неговите вредности: перформанси и стил.
Новиот Аbarth 595 е модел кој се разликува и којшто во серија ја нуди сета опрема потребна за да се гарантира забавата и задоволството при возење: под хаубата тропаат 165 КC на моторот опремен со турбокомпресор Garrett.
Решителност и класа се главните карактееристики на Аbarth 695, топ моделот на класата којшто може да задоволи еден автентичен “gentleman driver”. За него моќноста расте на 180 КC, а опремата не познава ривали.
Четири нивоа на надградба кои ги истакнуваат двете души на марката: најистакнато е нивото Stile кое е и најсопфистицирано и за кое на располагање се пакетите 695 Turismo и 595 Turismo, додека пак пакетот 695 Competizione и F595 гарантираат моментна препознатливост и се наменети за најдинамичните возачи.
Да се преиначи редовното во извнонредно, да се понудат најдобрите производи во сегментот на спортските компактни автопмобили: е мисија на марката Аbarth, која отсекогаш е синоним за италијански стил и перформанси. Денес, неколку недели пред нејзиниот 73-ти роденден, Скорпијата повторно боде, воведувајќи ја новата гама на 595, co која оддава почит на изумителот и основачот, Карло Абарт (1908-1979). Токму концептот за надградба, којшто е всушност ДНК-та на Аbarth, ја водеше работата на проектантите, инженерите и техничките работници да го отелотворат во гамата 2022 на оваа безвременска икона.
Понудата се состои од два модела и две нивоа на моќност – Аbarth 595 co 165 КC и Аbarth 695 co 180 КC – при што секој се карактеризира со поедини одлики кои предизвикуваат големи емоции, како кај корисниците кои внимаваат на стилот, така и кај оние кои бараат добри перформанси. Заедничко и на двете верзии се извонредните перформанси, звукот на издувот, дрскиот стил без почит, но богат со персоналност и јасно, уживање во возењето.
Поаѓајќи од овие „основи“, корисникот може да ја оформи верзијата што најмногу одговара на неговиот вкус и потребите, благодарение на четирите пакети за прилагодување создадени во име на најавтентичната традиција на Abarth. Сеќавањето веднаш води до легендарните кутии за трансформација на Скорпијата, кои во 1960-тите ги трансформираа редовните сериски автомобили во непобедливи „тркачки ѕверови“. Денес, истата можност за персонализирање на возењето, зачувувајќи ја двојната душа на марката со соодветните целни клиенти, се основа на четирите нивоа на трансформација.
За Abarth 595 се наменети пакетите “595 Turismo”, со најзабележителен стил и пакетот “F595” кој ги истакнува перформансите.
На ист начин, веќе ексклузивниот Аbarth 695 може да се персонализира дополнително со префинетиот пакет “695 Turismo” или пак со пакетот на перформанси “695 Competizione”.
Конечно за сите кои сакаат уште побогат автомобил развиени се уште седум пакети кои ги содржат најпосакуваните опционали, и со значително финансиско олеснување кои се на располагање и на двата модели (освен Pack Racing Style кој е ексклузивен само за Абарт 695).
Меѓу најистакнатите содржини на последниов пакет секако е променливиот спојлер, прилагодлив во 12 позиции од 0 до 60°, што го зголемува аеродинамичкото оптоварување со последователно подобрување на стабилноста во кривини и поголема реактивност во мешаните делови. Во положбата на максимален наклон (60°), при брзина од 200 km/h, крилото го зголемува аеродинамичкото оптоварување до 42 kg. Оваа високо спортска содржина потсетува на тркачкиот свет и легендарната тркачка историја на Скорпијата.
Аbarth 595: 165 КC чист адреналин
Моделот 595 е влезна верзија на гамата Аbarth и нуди серија на опрема која e неопходна за да гарантира забава и уживање во возењето типични за СКорпијата.
Силуетата е украсена со алуминиумски тркала од 16″, хромирани двојни цевки за издувни гасови, предни светла за магла и капаци на ретровизорите во боја на каросеријата. Внатрешните лајсни и рачките на вратите се во сатенски хром. Сивата облога на контролната табла совршено се совпаѓа со црниот штоф на седиштата, како и со тапацирот на конзолата, воланот и рачката на менувачот.Спортските карактеристики се комплетирани со педали од не’рѓосувачки челик, тркачки допир што одлично се вклопува со воланот со рамна основа, со визир, кој е дизајниран да биде поефективен при спортско возење.
Овие естетски карактеристики ги одразуваат вредностите на стилот и удобноста типични за италијанските GT. Но, Новиот Аbarth 595 е исто така избалансиран израз на спортски карактер, како што е прикажано со задната суспензија Koni и специфичниот систем за кочење Аbarth со високи перформанси, кој нуди максимална безбедност благодарение на вентилираните предни дискови од 284 mm и задните 240 mm.
Срцето што чука во новиот Аbarth 595 е 1.4 T-jet Euro 6D Final со 165 КС, опремен со зголемениот турбополнач Garrett со геометриски однос на компресија 9:1. Микс на перформанси што се претвора во максимална брзина од 218 km/h и враќање во петта брзина од 80 до 120 km/h за само 7,8 секунди. Тоа е истиот мотор од кој е изведен моторот на едноседите Tatuus кои се натпреваруваат во италијанскиот и германскиот шампионат на Формула 4. Моторот е искомбиниран со рачниот менувач, но, по барање, може да се спои и со петстепен автоматски менувач со рачка на воланот. Оттука, забрзувањето од 0-100 km/h е за 7,3 секунди со рачниот менувач и за 7,4 секунди со секвенцијалниот автоматски менувач.
Конечно, на технолошки план, Abarth 595 нуди радио DAB со екран на допир од 7 инчи со подготвен Apple CarPlay и компатибилност со Android AutoTM.
Пакет 595 Turismo, идеален избор за современ и елегантен возач
Достапен за моделот Abarth 595, седан или кабриолет, пакетот 595 Turismo најдобро ги комбинира спортскиот стил и ексклузивноста, како што налага италијанската GT традиција. Оваа персонализација е составена од некои дизајнерски елементи од голема вредност, како што се капаците на ретровизорите со обработка во сатенски хром, 17-инчните тркала од лесна легура Granturismo, посебно наменет беџ на каросеријата и тапацирот на седиштата во црна или кафена кожа.
Пакет F595 за вљубениците во мотоспортот
Сопственикот на Аbarth 595 може дополнително да го персонализира со пакетот F595, кој изобилува со тркачки детали кои ги фасцинираат вљубениците во мотоспортот кои очекуваат максимални перформанси од својот автомобил. Меѓу најистакнатите карактеристики секако е издувниот систем Record Monza Sovrapposto. Ова е еволуција на култниот издув на Record Monza кој има нова конфигурација со четири издувни цевки – по две на секоја страна – вертикално надредени. Активниот издувен вентил се контролира со копчето „scorpion“ кое се наоѓа на контролната табла. Ова му овозможува на возачот да избере, едноставно со прстот, помеѓу звукот “gentleman driver” и потемниот и погруб татнеж, традиционален Аbarth. Пакетот F595 е комплетиран со предната суспензија на Koni, мат црна контролна табла, 17“ алуминиумски тркала и специфичниот беџ „F595“, кој оддава почит на Формула 4, чијшто снабдувач на мотори е токму Аbarth.
Аbarth 695 со 180 КC, топ верзија на гамата која не познава ривали
Новиот Аbarth 695 се карактеризира со уште поистакнат со перформанси карактеристичен стил, којшто е наменет за оние кои никогаш не се откажуваат од трансформирањето на патувањето во привлечно доживување. Во споредба со веќе постоечките карактеристики на моделот 595, всушност, агресивниот 695 додава некои елементи кои го истакнуваат неговиот спортски карактер, како што се седиштата во штоф Sabelt, со мат сива обвивка, посебните алуминиумски тркала од 17″ и познатиот Record Monza издувен систем, чијшто единствен „татнеж“ ги придружуваше генерациите Абаристи и којшто отсекогаш бил синоним за моќ и перформанси.
Освен извонредните перформанси, Новиот Аbarth 695 нуди и префинет стил, што го потврдуваат неколкуте детали во “tar cold gray” – сива боја: од лајсните, преку рачките на вратите до капаците на ретровизорите. Истата боја ја прави уникатна површината на контролната табла, која отсекогаш била вистински иконски елемент на моделот Аbarth. Ексклузивноста на материјалите е јасно видлива и на конзолата обложена со кожа Алкантара, на воланот кој е во комбинација на Алкантара и јаглеродни влакна и на алуминиумската рачка на менувачот. Токму испреплетеноста на квалитетните материјали и повеќе технолошки дизајнерски елементи создаваат уникатен и ексклузивен микс во сегментот.
Пакет 695 Turismo, единствениот стил на “gentleman driver”
За спортски возач кој истовремено е и љубител на квалитетни материјали, марката на Скорпионе го создаде пакетот 695 Turismo кој ги истакнува стилските особености на Аbarth 695, во конфигурациите на седан или кабриолет. Веднаш се забележува како во патничкиот простор, каде што се издвојуваат кожните седишта во две различни бои – црна или кафена – и површината на контролната табла покриена со скапоцената кожа Алкантара. Сето тоа е уште поексклузивно со 17“-те алуминиумски тркала кој ја носат ознаката 695 Turismo. Во пакетот е вклучен и стаклен кров што може да се отвори за исклучително доживување на возење на отворено.
Пакет 695 Competizione, навраќање на корените на обработката на Аbarth
Пакетот 695 Competizione изобилува со автентича ексклузивност, перформанси и има тркачка душа. Достапен на Абарт 695, го трансформира основниот модел со веќе високи перформанси во автомобил за најискусните возачи. Тоа го докажува издувниот систем Record Monza Sovrapposto, кој нуди чисти звучни емоции, како и забава и уживање во возењето. Следат специјалните Sabelt седишта со црвени шевови и обвивка од јаглеродни влакна, кои гарантираат висока странична поддршка и затоа се совршени за спортско возење.
Купувачот кој избрал пакет 695 Competizione има можност да избере, вклучено во цената, помеѓи самоблокирачки механички диференцијал, кој го подобрува погонот во услови на отежнато прилепување на пневматиците до нерамно тло, или пак секвенцијален роботизиран менувач Аbarth co рачки на воланот. На каросеријата се истакнува беџот “695 Competizione”, кој ги одразува корените на марката далеку во минатото.