Новата Fiat Panda Trussardi: првата “luxury Panda”
Новата Panda Trussardi воспоставува уште еден рекорд во долгата историја на автомобилот: всушност, тоа е првата “luxury Panda”.
Co специјалната серија Trussardi, развиена на база на Cross look, се појавува Panda, со мат боја на каросеријата: Caffè Italiano (италијанско кафе) во контраст со црни сјајни детали.
Во внатрешноста, луксузен “салон” со нови материјали, нови нијанси и неповторливиот допир на високата мода Трусарди на сигурносните појаси, воланот и седиштата.
Новата Panda Trussardi е луксузен и народен паспарту на четири тркала, со кој се чувствувате свои насекаде, во сала, во театар, низ град, на море или на планина со целото семејство.
Ава Макс е протагонистка на новата кампања за лансирање на Panda Trussardi, која ги подновува правилата на автомобилската комуникација преку пристап кој е поблизок до модната индустрија.
Fiat Panda, продадена во повеќе од 7,5 милиони примероци е лидер во својот сегмент во Европа уште од 2003, “best grower” во сегментот во првото полугодие на 2019, придодава со специјалната серија Trussardi, ексклузивна посебност во нејзината веќе фамознафункционалност
Во продажните салони на Fiat низ Европа се претстави на „отворените врати“ во викендите 21-22 и 28-29 септемврии во верзијата со погон на четири тркала за прошетка надвор од градот, таа е навистина подготвена за сè.
Се појавува новата Fiat Panda Trussardi, првата luxury Panda создадена во соработката на двете марки кои создадоа историја секоја во својот сектор, донесувајќи го на свет најдоброто од “Made in Italy” на светот: тоа е прва операција на co-branding кој ја вклучува Fiat Panda со една модна куќа. Верна на својата вокација на функционалност и посебност која ѝ овозможи да ги освои срцата на широката јавност и да се појави на патиштата низ цела Европа, денес Fiat Panda се појавува во урбан-шик стил на Трусарди.
“Panda ниже успеси веќе 39 години. Таа е најпродаваниот автомобил во Италија веќе 6 години и е најпродаваниот градски автомобил во Европа уште од 2003. 7 и пол милиони продадени примероци од кои 5 милиони уште се во сообраќај” – изјави Оливие Франсоа, претседателот на Fiat Brand Global – “и, истовремено, таа е автомобил на рекорди: тоа е првиот градски автомобил со погон на четири тркала, првиот градски SUV, првиот автомобил кој се искачи на Монт Еверест и денес новата Panda Trussardi станува првата “luxury Panda”.
Томазо Трусарди, претседателот на Трусарди, изјави: “Трусарди е првиот италијански бренд кој ја оведе модата меѓу широката народна маса, на плоштадите и на местата блиски до луѓето. Отсекогаш создаваме производи со единствен дизајн и нашата визија за брендот е инклузивна и сеопфатна. Тoкму затоа Panda се појавува во стилот на Trussardi и се трансформира во автомобил кој истовремено е современ, функционален и грижливо ги одбира деталите. Многу сум задоволен од оваа соработка и му благодарам на тимот на Fiat кои заедно со нас веруваa во овој проект”.
Трусарди првобитно работи со кожна галантерија, чанти и ракавици и со време стана бренд на животен стил. Беше првата модна марка која ги симна модните ревии pret-à-porter низ улиците и на плоштадите и се доближи до обичниот свет, кој пак од друга страна отсекогаш го избира Fiat како совршено решение за мобилност. Новата Panda Trussardi е создадена како врв на паспарту, прилагоден на секаква употреба и кој ти овозможува секогаш да се чувствуваш удобно. Се обраќа до секој оној кој бара “градски” или придружник за на пат, ексклузивен и способен да одговори на потребите за простор и мобилност на семејството. На располагање е со сјајните мотори TwinAir Turbo 0.9 бензинец со 85 КС, со преден погон и со интегрален погон, како и со 1.2 со 69 КС.