Како се раѓа спојлер 100% Made in Abarth

Како се раѓа спојлер 100% Made in Abarth

Сите тајни на новиот спојлер со варијабилен сет со кој е опремена иконата Abarth 695 70° Anniversario.
Испробан во тунелот за проба на FCA во Орбасано (Торино) и на патеката во Валелунга (Рим), спојлерот со варијабилен сет го подобрува држењето во миксот брзина/стабилност при големи брзини.
Потрагата по перформанси, и преку постојано подобрување на аеродинамиката, го наоѓа својот врвен израз во шеесетите години со аеродинамиката “siluro” Abarth 1000 Bialbero Record (1960) и фамознитe Abarth 1000 Corsa co првиот спојлер од смола (1966).

“Концетот на перформанса” на Карло Абарт одеше и преку потрагата по чиста моќ, максимална брзина и забрзување. Неговата замисла, всушност, беше насочена кон пронаоѓање на перформанса под 360°, односно потрага по и развој на иноватинви технички решенија кои би ја подобриле аеродинамиката, држењето на пат и моќноста на кочењето.

“Co истиот елан го создадовме и спојлерот со варијабилен сет кој дебитираше пред неколку месеци на limited edition Abarth 695 70° Anniversario – изјавува Лука Наполитано, директорот на EMEA Fiat & Abarth Brands –. Се работи за едно од најидеалните аеродинамични решенија за еден патнички автомобил развиен поаѓајќи од личната филозофија на нашиот основач кој секојдневно  ја изучуваше аеродинамичноста на тркачката патека и по патиштата. Максималниот дострел на примената на изучувањата за аеродинамичноста се сретнува во фамозниот и повеќе пати наградуваниот “siluro d’argento” ( Abarth 1000 Bialbero Record на Пининфарина од 1960, коој оствари многу рекорди за брзина, и следствено, многу познати Abarth 1000 Corsa кои во 1966 беа меѓу првите автомобили во светот кои добија спојлер изработен од смола”.

И токму во тоа е приматот на новиот Abarth 695 70° Anniversario кој со новиот спојлер со варијабилен сет, тркачки елемент 100% Abarth, но кој истовремено потсетува на спојлерот на Lancia Delta Integrale од осумдесетите години, кој на возачот му даваше чувство на вистински “рели-возач”.

Сите тајни на спојлерот со варијабилен сет
Плод на работата на инженерите во Abarth испробан во тунелот за проба на ФКА во Орбасано (Торино) и на тркачката патека во Валелунга (Рим), спојлерот со варијабилен сет ги подобрува аеродинамичните перформанси на автомобилот и со тоа го подобрува држењето на автомобилот во миксот брзина/стабилност при големи брзини. Постигнувањето на Карло Абарт требаше да се согледа под 360°, пред сè на трките. А, токму на трка вообичаено е да се видат техничките лица во боксот како рачно вршат „фино“ подесување на инклинацијата на спојлерот  за да му овозможат на возачот да го подеси однесувањето на автомобилот во функција на патот по кој се движи и сопствениот стил на возење, така спојлерот со кој е опремен Abarth 695 70* Anniversario исто така, рачно може да се постави во 12 позиции со инклинација која може да варира од 0° до 60°. Се бараше да се имплементира максимален број на поставки за да се даде можност на секој возач да го подеси спојлерот во зависност од неговите потреби на патот, но и да се позиционира како најмногу му се допаѓа независно од перформансите.
Во позиција на максимална инклинација (60°), при брзина од 200 km/h, крилото го зголемува аеродинамичното оптоварување до 42 kg. Тоа обезбедува, пред сè во брз микс, извонредна динамика на возилот и постабилно држење при големи брзини. Практичен пример, при движењето на “Curvone” (Големата кривина) на патеката во Валеелунга спојлерот со варијабилен сет овозможува да се намалат дури до 40% корекциите на воланот, овозможувајќи “почисто” и поефикасно возење и обезбедувајќи притоа поголема доверба во потрагата на ограничувањето. Подобрувањето на аеродинамичниот компонент помина и на тест за бучава, водено на извонреден начин за да се намалат турбуленциите во корист на поудобно секојдневно возење.
За да се достигне техничкото ниво на новиот Abarth 695 70° Anniversario тестирана е целата скала во аеродинамичниот тунел, во Орбасано, на југот во Торино, каде ФКА ги тестира своите автомобили. Токму во овој извонреден центар беше можно да се развие и да се тестира спојлерот со варијабилен сет на Abarth 695 70° Anniversario во сите можни конфигурации и во различни услови на поставеност на автомобилот.

Аеродинамиката на почетоците на нејзината примена, првиот спојлер од смола за тркачките Abarth во 1966

Од 1956 до 1966 постигнати се дури 133 рекорди на возилата со Шкорпијата (Scorpione), благодарение на екстремната употреба на концептите и законите на аеродинамиката, меѓу кои и извонредните 8 рекорди на Abarth 1000 Bialbero Record Pininfarina остварени во 1960. Тоа е заслуга, пред сè на имплементирањето на законите за аеродинамична ефикасност, до толку што Abarth 1000 Bialbero Record Pininfarina веднаш беше наречен “сребрено торпедо” поради издолжените линии на каросеријата, развиен токму во тунелот за проба на на Политекнико во Торино, кој подари извонреден аеродинамичен CX од 0,20.
Но, враќајќи се на слоганот на основачот “Недела на тркачката патека, понеделник на работа” беше неопходно аеродинамичноста да се спушти од тркачките на „нормалните“ автомобили.  Абарт, вообичаено бараше од негов ата официјална екипа да се обезбеди успех и за комерцијалните, исто како и за тркачките спортски автомобили Abarth. И понатаму во шеесетите години, благодарение на спортските комплети Abarth, многу патнички автомобили се “трансформираа во победнички коли”, отворајќи го патот за многу млади и надежни возачи кои на овој начин успеале да ја започнат нивната успешна тркачка кариера.
Првите плодови на интуицијата и познавањето на аеродинамиката се добиени со Abarth 1000 Corsa (еволуција од тркачката патека до патничкиот автомобил 600) кои, во 1962, насекаде победуваат достигнувајќи таков успех со сега веќе познатиот отворен заден капак на моторот кој, освен што ја ослободува топлината на моторот, очигледно носеше и аеродинамичен добробит.
Поаѓајќи токму од тука, генијалниот Абарт во 1966 создаде спојлер од смола и со тоа стана едно од првите претпријатија кои ги опремуваа тркачките автомобили со спојлер за да ги искористи неговите поволности. Токму на овој спојлер се навраѓа спојлерот со варијабилен сет на Abarth 695 70° Anniversario, за да покаже дека за марката Abarth тркањето отсекогаш било совршена лабораторија за тестирање на технички и технолошки решенија, пред истите да се применат на патничките автомобили на Шкорпијата (Scorpione).

Ви треба информација? Разговарајте со нас