Иконскиот Fiat 500 станува дигитално уметничко дело благодарение на уметникот Рон Арад

Иконскиот Fiat 500 станува дигитално уметничко дело благодарение на уметникот Рон Арад

Аукцијата „Reverse Again“ сега е достапна на платформата Shifting Vision, на која се претставени автомобилите Fiat 500 портретирани од страна на уметникот Рон Арад. Поврзана на интерактивен начин со постојана изложба во Куќата на 500 во Торино, колекцијата „Reverse Again“ го издига односот помеѓу Fiat и познатиот британско-израелски уметнички дизајнер на едно повисоко ниво. Документарецот за Рон Арад е достапен на социјалните канали на марката.

На уметничката платформа Shifting Vision неодамна беше отворена аукцијата „Reverse Again“, која го означи првиот чекор на познатиот уметник Рон Арад во светот NFT (Non Fungible Token). Главниот јунак на виртуелните платна и муза на уметникот беше, се разбира, иконата Fiat 500. Така, најскапоцениот камен на италијанската марка се враќа на меѓународната сцена, каде се појави во 1957 година и продолжува да ги фасцинира уметниците и познатите личности ширум светот, како и да биде извор на инспирација за сè поодржлива и еколошка мобилност.

Арад е еден од највлијателните и најтаинствените архитекти и дизајнери на нашето време, познат по тоа што дал значаен придонес во светот на уметноста, дизајнот и архитектурата во последните 30 години. Неговите дела се изложени во многу уметнички институции од висока класа ширум светот, вклучувајќи ги и Метрополитен музејот на уметноста, МоМа, Центарот Помпиду и Кралската академија на уметноста, која го избра за Кралски академик во 2013 година.

Делата што ја сочинуваат аукцијата „Reverse Again“ се достапни за купувачите во форма на NFT технологија (Non Fungible Token) или обезбедени со сертификати кои ја потврдуваат автентичноста, уникатноста и сопственоста на дигитален објект. Секоја слика произлегува од блиската соработка помеѓу Рон Арад и FIAT, којшто го поддржа дизајнерот во неговото проучување на тродимензионалноста, исто така, преку виртуелните модели користени за симулации на тестови за судир. Благодарение на овој пристап, уметникот можеше да го продолжи своето истражување на врската помеѓу занаетот и дигиталните процеси, што веќе беше започнато со неговата изложба во 2014 година „In Reverse“.

Колекцијата „Reverse Again“, води разговор со големата историја на иконата на FIAT преку постојаната изложба во Куќата на 500, во Торино, храм посветен на автомобилот, каде се слави големата страст на уметникот за историското „Cinquino“. На тој начин, воспоставувајќи континуитет помеѓу минатото и сегашноста, физичкиот и дигиталниот дизајн, проектот ја слави интеграцијата на уметноста и технологијата – заедничка нишка којашто ги поврзува брендот Fiat, уметничката практика на Рон Арад и екосистемот NFT, новата граница на „уметноста“.

Аукцијата „Reverse Again“ се одвива во живо на иновативната платформа Shifting Vision, виртуелен простор посветен на делата на NFT, кој ветува дека ќе го премости јазот помеѓу светот на физичката уметност и оној на дигиталната уметност. Платформата соработуваше во создавањето на овие нови уметнички дела.

Shifting Vision го продуцираше и документарецот „Рон Арад: Reverse Again“, во режија на Џулија Мањо и е достапен на социјалните канали на марката Fiat. Во филмот, уметникот ја следи својата долгогодишна фасцинираност од Fiat 500: од неговите детски спомени до идејата за преобразување на Fiat 500 во „слики“ (или „Пресувани цвеќиња“, како што тој нагалено ги нарече), до создавањето на дигитални уметнички дела како што се „Slow Outburst“ и „Drop Me a Line“.

Ви треба информација? Разговарајте со нас