Денес од фабриката Џанбатиста Вико излезе милионитата Фиат Панда произведена во Помиљано д’Арко (Неапол): по којзнае кој пат примат за овој извонреден автомобил кој од 2012 е апсолутно најпродаван во Италија и од 2016 е европски best-seller во неговиот сегмент.
Наменет за италијанскиот пазар, рекордниот примерок е во верзијата City Cross 1.2 со 69 КС е во бела боја и има изглед на off-road автомобил кој пружа можност за бегство од секојдневната градска линија за да се впушти во нови „градски“ авантури. Инаку, уште од нејзиното појавување, Панда се разликуваше по своите три различни верзии и тоа: функционален градски автомобил, ултракомпактен теренец 4×4 и градски кросовер богат со стил и извонредни off-road карактеристики.
Од 1980, годината кога беше лансиран моделот Панда, до денес се произведени вкупно преку 7,5 милиони (гореспоменатиот рекорд се однесува на четвртата генерација, лансирана кон крајот на 2011). Бројки кои одлично ја претставуваат долгата низа на успеси, не само во комерцијална смисла, туку и како технолошки примати во сегментот. На пример, Панда 4×4 од 1983 е првиот градски автомобил со интегрален погон и во 1986 стана првиот компактен автомобил на кој беше вграден дизел мотор. Во 2004 Фиат Панда првиот автомобил кој во неговиот сегмент ја доби престижната титула “Car of the Year”. Истата година стана и првиот градски автомобил што се искачи на 5.200 метри во камп базата на експедициите кои се искачуваа на Монт Еверест.
Долгата серија на рекорди продоли и во 2006 од кога Фиат Панда е првиот city-car co напојување на метан, произведен на широка скала. Од нејзиното излегување, секоја година е најпродаван автомобил на метан во Италија и вкупно од 2007 до денес, и во цела Европа. Всушност, минатиот февруари ја надмина бројката од 300.000 парчиња, апсолутен примат во панорамата на автомобили напојувани со метан. Очигледно, како сите останати модели на метан од Фиат и Панда CNG е веќе компатибилен со биометан.
Овие рекорди се доволни да го направат еден од моделите со најголеми успеси во автомобилската панорама. Но, Фиат Панда никогаш не застанува: денес е единствениот автомобил во неговиот сегмент кој нуди четири мотори (на бензин, нафта, бензин/метан и бензин/ТНГ), три конфигурации (Urban look, City Cross и 4×4) два погони (преден и интегрален) и два менувачи (мануелен и роботизиран Dualogic).
За новиот рекорд секако придонесе и фабриката Џ. Вико во Помиљано д’Арко која го произведува овој модел, авангардна фабрика која доби многубројни признанија уште од 2011 кога беше комплетно реконструирана за да го произведува моделот Фиат Панда. Почнувајќи од 2012 кога го доби сертификатот Silver, во рамките на програмот World Class Manufacturing, и ја добива наградата Automotive Lean Production Award за најдобра фабрика во Европа.
Во 2013 – само една година подоцна, и понатаму во рамките на WCM – на фабриката и е доделено признание на нивото Gold, и го доби соодветниот сертификат. Во 2014 доаѓа ново интернационално признание Lean and Green Management Award, кој сведочи за постојаните прогреси за подобрување на сите “ресурси” неопходни за да може да се произведуваат автомобили.
Денес, фабриката Џ. Вико продолжува да го намалува штетното влијание врз околината преку постојани подобрувања на производните процеси, особено на оние кои се однесуваат на потрошувачката на енергија и вода, како и на квалитетот на управување со вода и енергија и квалитет на водење со водата и остатоците.