Деби на Новото Tipo Cross и гамата на Tipo и Panda целосно обновени во однос на моторите, стилот, верзиите и технологијата

Деби на Новото Tipo Cross и гамата на Tipo и Panda целосно обновени во однос на моторите, стилот, верзиите и технологијата

Функционалното семејство Fiat, кое се состои од моделите „Panda“ и „Tipo“, е целосно обновено и проширено со воведувањето на „Новото Tipo Cross“ и „Новата Panda Sport“. По повод лансирањето на Новото Tipo City Sport, беше организирана конференција за печат. Новото Tipo и Новата Panda сега се достапни во нова структура на гамата: Life, Sport и Cross.
Функционалното семејство Fiat – составено од најпродаваните модели Tipo и Panda – е целосно обновено. Двата модели сега се изразени преку новата структура на гамата со три нивоа на опременост: Life, Sport и Cross. Првото ниво на опременост „Life“, е наменето за оние кои го живеат градот интензивно; второто, „Sport“, за оние со динамичен начин на живот; и, конечно, третото, Cross, за оние кои го користат автомобилот и на отворено или поедноставно за да избегаат од секојдневната рутина и да се препуштат на возбудливите авантури. И меѓу најголемите новитети, Новото Tipo Cross, Новото Tipo City Sport и Новата Panda Sport, секој од нив одговара на потребите на нова целна група, значително збогатувајќи ја понудата на Fiat.

По повод презентацијата на новата палета на Tipo пред европскиот печат, Новото Tipo Cross го направи своето деби – апсолутна новина во гамата – што се покажа како вистински „семеен Crossовер“ насочен кон потполно нова целна група: млади семејства, со динамичен начин на живот, во потрага по функционалност, емоции, простор, но исто така и стил и содржина по прифатлива цена. И најновото Tipo City Sport за млад и динамичен клиент кој во автомобилот бара силна личност, спортски карактер и технолошка иновација. Новата верзија исто така има поагресивен дизајн, системи за безбедност и инфо-забава на врвот во сегментот и еколошка гама на мотори со подобрени перформанси.
Panda исто така се обновува, стилски и суштински. Всушност, Новата Panda претставува природна еволуција на пронајдокот којшто од почетокот на своето 40-годишно постоење бил синоним за пријателство, едноставност на употреба и разноврсност. Panda е сето ова и нешто повеќе: симбол на слободата на патување, „возило“ на емоции и спомени, но исто така и брилијантен производ што влезе во колективната меморија како и другите предмети создадени од италијанската креативност.

„Дебито на новото семејство Fiat Functional и прегледот на толку многу модели означуваат важен чекор напред во стратегијата за обновување на нашата палета; како одговор на потребите на нашата целна група; и, последно, во проширувањето на понудата за комплетно нови клиенти за Fiat – рече Лука Наполитано, директор на брендовите Fiat, Abarth,EMEA -. Понатаму, на овој начин нашата стратегија за обновување на гамата, која започна во текот на годината, продолжува: ние нудиме решенија за градска и мобилност надвор од градот што е повеќе одржлива, поврзана и технолошки во согласност со потребите на нашата целна група, сегашната и идната. И, ако светот на привлечноста – една од двете одлики на брендот Fiat – е совршено олицетворен од иконскиот 500, функционалниот свет е во рацете на исклучително успешните модели како што се Panda и Tipo. Два извонредни автомобили кои денес сочинуваат единствено и големо хомогено семејство, широко и иновативно во однос на технологијата, влијанието врз животната средина и поврзаноста, без притоа да се откажат од квалитетите како што се практичноста и флексибилноста што ги направија успешни. Доволно е да се каже дека двата модели претставуваат 58% од вкупната продажба на автомобили на Fiat и 40% од вкупната на Групацијата FCA ».

2020 година, која е при крај, беше многу важна година за брендот Fiat, стратешкиот пат започна минатиот февруари со лансирање на моторот Mild Hybrid на верзиите на Panda и 500 на Hybrid Launch Edition, т.е опремени со ефикасен хибриден мотор, компактен, лесен и достапен. Патувањето продолжи следниот месец со претставување на новиот 500 кабриолет „La Prima“, првиот целосно електричен автомобил на FCA. И кулминираше во октомври со лансирањето, во уметничката галерија Ањели во Торино, на целиот асортиман на Новиот 500, вклучувајќи го и фасцинантното Ново 500 3+1 „ La Prima“ Оpening издание. И дека изминатиот пат е токму оној, вистинскиот, потврдуваат првите податоци од маркетингот за Новиот 500 и хибридните верзии на Panda и 500: околу 100.000 продадени возила од лансирањето, со 50% од миксот на продажба на двата модели, и Panda е најпродаваниот хибриден автомобил во Италија во 2020 година.

Ново Tipo Cross

Семејството Tipo се шири со доаѓањето на нов надворешен облик. Fiat го лансира Ново Tipo Cross, коешто им се придружува на другите три варијанти на каросерија (4 врати, 5 врати и караван): вистински Crossover, кој е насочен кон целосно нова целна група. Денес семејствата – кои отсекогаш биле најбитни за Fiat Tipo – ги преиначија своите желби, повеќе не ги сакаат традиционалните автомобили со 5 врати и верзиите Каравани се препуштаат на светот на Crossоверите, без да изгубат простор и комфор. Подготвени се за доживување на ново искуство со повозбудлив, посебен, динамичен и нов вид на автомобил, но по прифатлива цена. Tipo Cross, „новиот семеен Crossовер на Fiat“ е одговорот.
Структурата на Tipo Cross е значително посилна и поагресивна. На прв поглед се гледа дека е поширок, со нов дизајн на предната маска која се издолжува кон краевите, сè до фаровите и очигледно, е повисока. Вистински Crossover.
Поставеноста на Tipo Cross, е повисока за речиси 4 сантиметри, благодарение на новата изработка на суспензиите на тркалото, пневматикот што е веќе видено на уште еден Crossover од гамата на Fiat, 500X. Tipo Cross има поголеми пневматици со што добива уште поробусен изглед.
Новата поставеност исто така гарантира повисока позиција на возачкото седиште и го олеснува пристапот при влез и излез од возилото и ги поедноставува сите оние операции кои сме навикнати да ги среќаваме кај сите автомобили од семејството на Tipo, како што е поставувањето на детски седишта на задната клупа, или пронаоѓање на предмети заталкани под предните седишта.
Естетски, комплетно нов, Tipo Cross е речиси 7 сантиметри повисок од Tipo Life co инсерти на “Cross” детали, почнувајќи од рамките на страничните и на предниот дел, каде се сместени држачот за регистарска табличка со bull-bar кој на автомобилот му дава поцврст и мускулест изглед, продолжувајќи преку страничните спојлери, задниот извлечен дел од под браникот и практичните шипки на кровот кои досега ги имаше само кај верзијата караван.
Меѓу поголемите новитети на новото Tipo Cross е новата дигитална командна табла со екран на допир од 7”.
Станува збор за исклучително технолошки и софистициран систем кој овозможува да имате целосна контрола над возилото во текот на возењето. Истовремено го имате на дланка милтимедијалниот дел од автомобилот, како и телефонот. На екранот одлично се надоврзува најновиот систем за радио UConnect 5 co екран на допир од 10,25”, кој исто така за прв пат е монтиран на автомобил на Групацијата FCA, на најновиот Fiat 500, сега е на распоплагање и кај Tipo.
Новото Tipo Cross може да биде опремено со дизел мотор 1.6 Multijet, со 95 КС или 130 КС моќност, или пак co новиот бензински мотор GSE 1.0 T3 100 КС. Последниов припаѓа на семејството мотори FireFly Turbo и претставува највисока верзија со најдобри перформанси, а се одликува и со навистина ниски потрошувачки. Максималната моќност е 74KW (100 КС) додека максималниот вртежен момент е дури 190Nm на само 1500 rpm (вртежи/Минута), наместо на 4500 rpm како кај актуелниот бензински мотор со 95 КС кој застануваше на 127Nm. Затоа моторот обезбедува пријатно возење и нуди извонреден старт благодарение на одличниот вртежен момент при низок број на вртежи, со што се добива извонредна тивкост при работата на моторот. Емисиите на CO2 ce спуштаат до вредност од 121g/km (WLTP). Менувачот е калибриран за да овозможи максимален одговор при градско возење и максимален комфор при патувања на автопат, каде ги запира вртежите на моторот на 3200rpm при воспоставена брзина од 130km/h.
Инаку, новото Tipo може да биде опремено и со дизел моторот Multijet – ЕURO 6D Final – кои се на располагање со две нивоа на моќност и тоа 95 КС и 130 КС (претходно беше 120 КС), co значително подобрување на перформансите и вредностите на CO2 кои во дизел семејството почнуваат од 110g/km (WLTP). Инаку 1.6 Multijet сега со 130 коњски сили претставува совршен мотор за флота, стратешки пазар за сегментот C и следствено, за Tipo.
Ново Tipo City Sport
Новото Tipo City Sport е збир на динамизам и технологија, совршен автомобил за секој којшто сака младешки и спортски стил. Новата верзија е веднаш препознатлива благодарение на естетските детали, како што се специфичниот беџ “Sport”, поставен под предниот ретровизор и ексклузивната сива боја на каросеријата Grey Metropoli збогатена со дијамантирана обработка и нови дизајни на новите тркала од лесна легура со 18” и бројните детали во сјајна црна боја: од долниот дел на маската до рамката на страничната врата, од задниот дел на надворешните ретровизори до рачките на вратите. Во црна сјајна боја е и новата предна маска на која веднаш се воочува новото лого на Fiat, со букви испишано Fiat, значаен и силен став. Tipo е, меѓудругото, првиот автомобил на Fiat кој го применува ваквото лого, после новиот Fiat 500 кој штотуку беше претставен на јавноста. А, за уште помодерен изглед, Новото Tipo City Sport во серија нуди нови фарови со технологија “full-led”, како однапред, така и одзади кои ги истакнуваат не само линиите, туку и ја зголемуваат активната и пасивна безбедност благодарение на подобрената видливост, а на автомобилот му даваат и посовремен изглед и истовремено го прават автомоблот поодржлив до најмалиот детаљ, ја намалуваат потрошувачката на електричната енергија во возилото, а со тоа и емисијата на CO2.
Силниот спортски печат се огледува и во внатрешноста. Воланот, сега е уште поелегантен и по Sportски, беше предмет на посебно внимание од страна на дизајнерите. Сега е покомпактен и обликуван за да биде со подобра ергономија, а исто така, овозможува и совршена видливост на збирниот команден дел со екран на допир од 7”. Посебно внимание беше посветено и на централната контролна табла каде што се преработени командите за клима-уредот, каде се додадени хромирани и црни инсерти. Новото Tipo City Sport нуди и широка гама на системи за помош во возењето (ADAS) од последната генерација, меѓу кои е и системот “Adaptive High Beam”, кој гарантира подобра видливост при ноќно возење преку вклучување на долгите светла кога од спротивната cтрана не наидува друго возило.
На располагање е во варијанти на каросеријата со 5 врати и караван, a Новото Tipo City Sport може да биде опремено и со турбодизел мотор 1.6 Multijet со 130 КС или пак новиот GSE 1.0 T3 100 КС на бензин.

Нова Panda Sport
Наменет за младата и динамична клиентела, новата Panda Sport се одликува со неколку препознатливи естетски елементи: новите алуминиумски тркала во две бои „Sport“ со 16“ со црно/црвена дијамантирана обработка; рачките на вратите и задниот дел од ретровизорите се во боја на каросеријата, последното по желба може да биде во сјајна црна боја во комбинација со црн кров (по избор); и ексклузивното хромирано лого „Sport“ на страничниот дел, над трепкачот. Покрај тоа, достапна е и новата ексклузивна мат сива боја Орасо.
Истиот цврст карактер се огледува и во внатрешноста, каде што се наоѓа новата табла во боја на титаниум, специфичните панели на вратите во еко-кожа, новата црна маска и новите седишта во темно-сив штоф, деталите во техно-кожа, страничните ленти во ткаенина и со црвени опшивки. А, за клиентот кој сака уште поагресивна појава, новата Panda Sport може да биде опремена, по барање, со сосема нов пакет Pandemonio – јасна врска со истоимениот пакет лансиран во 2006 година на Panda 100 КС – кој вклучува црвени сопирачки дебеломер, затемнети стакла и сосема нов техно-кожен волан со црвени кочници. Меѓу стандардните карактеристики, за прв пат на моделот, поставено е новото радио со екран на допир со 7“ со дигитален систем DAB, со подготвка за Apple CarPlayTM и Android AutoTM, кои совршено се интегрираат со мобилниот телефон, последниот може да се позиционира во практичното куќиште над радиото .

И за крај, новата Panda Sport е опремена со мотор 1.0 FireFly 70 КС хибрид – иновативен мотор достапен денес на целата гама – кој е во комбинација со 1 литарскиот 3-цилиндричен мотор од семејство Firefly, со 70 КС (51,5 kW) – Euro 6D finale – и со електричниот мотор BSG (Belt integrated Starter Generator) со литиумска батерија со капацитет од 11 Ah и врвна моќност од 3,6 kW.

Претставување на новото функционално семејство на Fiat
Разновидно и флексибилно, новото функционално семејство Fiat му овозможува на брендот да стане уште подемократски и поинклузивен, нудејќи му на секого можност да избере верзија на Новата Panda или Новото Tipo, автомобил кој најдобро одговара на различните стилови на живот и дневните потреби на семејствата, без разлика дали се млади или стари, со деца или без нив, љубители на градот и желни за патувања надвор од градот. Многу семејства, сите различни, но кои секој ден се соочуваат со мали или големи „мисии“: одат на пазарење, ги носат децата на училиште, одат на работа, но исто така уживаат во патувањата надвор од градот.

За да го раскаже овој пресек на реалноста, италијанскиот бренд разви тековно раскажување приказни, во совршен стил на Fiat, почнувајќи од местото што најдобро го претставува ова мноштво вкусови и потреби: стамбена зграда. Таму, каде што заеднички живеат различни семејства, може да се согледа како трите нивоа на опременост – – Life, Cross и Sport – одговараат на специфични целни групи, коишто се целосно задоволени со техничките и стилските особености на секој нов модел. Всушност, нивно е да изберат помеѓу хибридниот мотор 1.0 FireFly 70 КС кој го има на целата гама на Panda или пак иновативниот бензински мотор GSE 1.0 T3 со 100 КС на Новото Tipo. Слично на тоа, за комплетирање на технологијата, можно е да се избере меѓу широкиот спектар на системи за помош на возачот (ADAS) достапни на Новото Tipo или новиот инфо-забавен систем на Новата Panda кој за прв пат вклучува екран на допир 7″ во боја, дигитално радио DAB и подготвка за Apple CarPlayTM и Android AutoTM.
За да се понуди уште понепосреден избор, и едната и другата гама се хомогени во дефиницирањето на трите јадра и се разликуваат само по бројот на нивоата на опременост и варијантите на каросеријата. На пример, Новото Tipo предвидува дека светот на „Life“ ќе се изрази и во нивоата на опременост на Tipo, City Life, Life, достапни во три варијанти на каросеријата (4 врати, 5 врати и Караван); карактерот „Sport“ е достапно во нивото на опременост City Sport во варијанти со 5 врати и караван; додека пак, светот „Cross“ е изразен преку две верзии – City Cross и Cross – и во варијантата на Crossовер со каросерија со 5 врати.
Со истата филозофија е реализирана и гамата на Новата Panda која предлага пет нивоа на опрменост: Panda и City Life за “Life”, ниво на опременост „Sport“ со новата истоимена верзија, Sport и за нивото на опрменост “Cross” во верзиите City Cross и Cross.
Tipo и Panda, две стории исполнети со успех
Fiat Tipo е лансиран во 2016 и оттогаш семејството на Tipo расте: веднаш по првата верзија sedane од 2017 година, пристигнаа верзиите со 5 врати и караван, а денес со новото отелотворување и Tipo Cross и Tipo Sport.
Благодарение на неговото постојано подновување, моделот стана еден од најпосакуваните автомобили во сегментот, како во Италија, така и во Европа, каде придонесе за постигнувањето на марката Fiat, достигнувајќи дури 75% од продажбата на марката надвор од домашниот пазар.

Вкупно, досега се продадени 700 илјади возила во рамките на ЕМЕА со најдобро учество надвор од Италија, достигнато во 2019 година.
Уште порелевантни се податоците на Fiat Panda која во првите 40 години од животот можеше да ги освои сите срца, станувајќи автомобил на рекорди: најпродаван автомобил во Италија осум последователни години и лидер, заедно со 500 на пазарот за градски автомобили во Европа со над 375.000 продадени автомобили секоја година. Не само оваа година, Fiat Panda бележи најголем раст во сегментот во споредба со 2019 година (+ 3,7%) и најголем удел остварен од 2012 година: 17,8% во Европа и 49,1% во Италија. Релевантни бројки што покажуваат дека моделот влегол во колективната замисла, богат со рационални и емоционални вредности, како и симбол на слободата на патување. На крајот на краиштата, новата Panda е потврдена како единствениот градски автомобил во сегментот што може да се пофали со целосна понуда во однос на погон (4х2 и 4х4) и мотори (бензин 4х4, хибрид, метан и ТНГ). Сè што е содржано во позната, робусна и смирувачка „форма“ што веднаш буди чувство на припадност, како во градско возење, така и на најоддалечените планински места. Не треба да се заборави на карактеристиките кои ја направија славна низ целиот свет: компактните надворешни димензии, големиот внатрешен простор што може да се конфигурира и оригиналните комбинации на бои.

Пакет D-Fence од Mopar и над 80 ексклузивни додатоци за Новото Tipo
Сè повеќе почитувајќи ја животната средина, гамата на Новото Tipo и гамата Новата Panda можат да бидат опремени, на барање, со пакетот D-Fence од Mopar кој се состои од три уреди: филтер што ги лови нечистотиите што пристигнуваат однадвор, блокира честички и практично 100% од алергените, и го намалува формирањето на мувла и бактерии за 98%; прочистувач на воздухот во одделот за патници, кој филтрира микрочестички, како што се полен и бактерии; УВ ламба која помага во санирање на сите контактни површини како што се волан, менувач и седишта. Конечно, за палетата на Новото Tipo, брендот Mopar разви колекција од над 80 уникатни и ексклузивни додатоци, кои совршено се совпаѓаат со техничките и стилските карактеристики на новиот модел, овозможувајќи најшироко и најцелосно прилагодување според различните стилови на живот на клиентите.

Ви треба информација? Разговарајте со нас