Двојна круна за Abarth нa конкурсот “Best Brands in All Classes” на AUTO BILD

Двојна круна за Abarth нa конкурсот “Best Brands in All Classes” на AUTO BILD

Скорпијата, петти пат по ред ја освојува титулата за „Најдобар дизајн“ во вкупниот пласман. Истата награда ја доби и Abarth 595 во категоријата „Најмал автомобил“, четврта година по ред. Двојниот успех уследи многу брзо по лансирањето на новата гама 2022 година.

Дизајнот на Скорпијата ги фасцинира искусните читатели кои знаат што бараат на германското списание AUTO BILD, а доказ за тоа е уште еден триумф на натпреварот „Најдобри брендови во сите класи“. Во своето единаесетто издание, истражувањето забележа учество на 37 марки на автомобили кои се продаваат во Германија, поделени во 14 категории при што беа собрани повеќе од 55.000 гласови.

Петти пат по ред, Abarth ја освои титулата за „Најдобар дизајн“ во генералниот пласман, додека, четврта година по ред, дизајнот на Abarth 595 победи во категоријата „Најмал автомобил“. Затоа, конечната пресуда ја потврдува големата страст на германската јавност за дизајнот на Скорпијата, кој се изразува со силна личност, внимание кон деталите и материјалите. Оттука, уникатниот стил којшто, во комбинација со добро познатите перформанси, го прави секој автомобил на Abarth посебен.

Истите вредности кои клиентите ги наоѓаат во новата гама на Abarth 2022 – претставена пред скорешната 73-та годишнина – со која се почитува инвентивноста на основачот Карло Абарт, кој и ден денес е извор на инспирација за иднината на брендот.

Трансформирање на обичното во извонредно, нудејќи ги најдобрите производи во сегментот на компактните спортски автомобили: тоа е мисијата на Abarth. И токму концептот на надградба ја насочи работата на дизајнерите, инженерите и техничарите кон новиот 595 MY 2022.

Денес понудата се состои од два модели и две нивоа на моќност – Abarth 595 со 165 КС и Abarth 695 со 180 КС – секој од нив се карактеризира со специфичности, за да може да предизвика големи емоции, како на корисниците кои го почитуваат стилот, така и на оние кои не можат без извопнредни перформанси. Заедничко за двата се возбудливите изведби, звукот на цевките на издув, стилот кој не простува, но е исполнет со персоналност и, се разбира, уживањето во возењето.

Поаѓајќи од овие „основи“, корисникот може да ја развие верзијата што најмногу одговара на неговиот вкус и потреби, благодарение на четирите нивоа на надградба кои ги подобруваат двете души на маркатат: за поозначен и пософистициран стил, тука се 695 Turismo и 595 Turismo, додека пак 695 Competizione и F595 обезбедуваат силна конотација на тркачки автомобил и се наменети за најдинамичните возачи.

Ви треба информација? Разговарајте со нас