Гамата Tipo се збогатува со новите Fiat Tipo Mirror и Street
Семејството Tipo се прошири со новите Fiat Tipo Mirror и Street што се наменети за секој што бара технологија, стил и конкурентност ија комплетираат понудата за најмладите клиенти во сегментот.
Tipo Mirror се издвојува по новиот изглед на каросеријата во сина боја Venezia и хромираните детали, серискиот систем UconnectTM7” HD LIVE touchscreen со подготовка за Apple CarPlay и компатибилност со Android AutoTM.
Гамата Street нуди извонредна прилагодливост без компромиси. Поседува стил кој го издвојува од останатите во градската панорама со победничките квалитети на Tipo: многу содржини за малку пари.
Fiat Tipo Mirror и Fiat Tipo Street ќе бидат на располагање во конфигурација со 4 врати, 5 врати и Station Wagon.
Бензински и турбодизел мотори со мануелен или автоматски менувач.
Fiat Tipo Mirror и Fiat Tipo Street: тоа се двете нови верзии со кои семејството Tipo ја проширува својата гама за да им понуди на клиентите содржини кои ги бараат во однос на поврзувањето и на лична и пристапна естетска карактеристика. Првата веризја е наменета за клиентите кои се интересираат за светотна поврзувањето и го следат најновиот тренд на полето на инфозабавата. Втората е наменета за младите денес кои утре ќе станат возрасни, а кои не сакаат да се откажат од остриот стил, просторот и комфорот кои се типични за семејството Tipo: многу содржини за малку пари. И понатаму се актуелни сите квалитети кои придонесоа за успехот на моделот, како што се: просторот, функционалноста и флексибилноста. Не случајно гамата Tipo е лидер во својот сегмент во Италија и помеѓу првите десет во седум европски земји: околу 70% од автомобилите Fiat Tipo, всушност се продадени надвор од границите на земјата. Постојан успех од самото појавување: дебито на семејството Tipo беше покрстено со престижната награда “Autobest” како “best buy car 2016”, според судот на 26 новинари од најважните автомобилски имиња во Европа. Глобален модел кој ги изразува концептите својствени за историјата на марката Fiat: функционалност, едноставност и персоналност. Глобален во проектирањето, на кое работеа врвни професионалци од областа на дизајнот, инженерингот, производот и маркетингот кои доаѓаат од Италија, Турција, Кореа, Шпанија, Русија и Австрија и глобален по природа: минатата година, една верзија, сериски автомобил изведе “патот околу светот” за 133 дена. 41.000 километри со 400 часа возење, без вонредни технички интервенции, поминувајќи низ 22 земји и 122 града, будејќи насекаде интерес и голема љубопитност.
Широк избор
Новите Tipo Mirror и Street ќе бидат во конфигурација со 4 врати, 5 врати и Station Wagon, со комплетна гама на мотори, хомологирана според строгиот норматив WLTP, со следниот избор на мотори: бензински од 1.4 со 95 КC и 1.4 T-Jet со 120 КC и дизел 1.3 MultiJet со 95 КC и 1.6 MultiJet со 120 КC и со автоматска трансмисија DCT.