Гамата Фиат осветлена од боите на “Светлата на уметникот” продефилира низ плоштадите во Торино
Гамата Фиат дефилираше проткаена со Светлата на Унетникот, на изложбата на современа уметност која секоја година се одржува под отворено небо, од октомври до јануари и ги осветлува плоштадите и улиците низ Торино, создавајќи вистинска божиќна атмосфера.
Автомбилите од гамата Фиат се овековечени во сценографијата на светлечките дела, кои ги реализираат современи уметници од целиот свет.
Делото “Летечки тепих” од Даниел Бурен, на Плоштадот пред Градската Палата, се одрази на втората специјална серија издадена во текот на минатата година, а која беше посветена на модата: Фиат 500 Collezione, со двобојна каросерија Brunello, која што се навраќа на италијанската есен.
500 Collezione е поставен под тепихот, распнат со челични кабли со црвени, бели и сини коцки и на тој начин станува летечки тепих кој виси во воздухот. Видлив во кој и да е час во денот тоа е пример како еден уметник може да претстави еден вреден елемент од покуќнината во склоп со иконата на куќата Фиат и заедно да станат вистинско уметничко дело. Покрај Фиат 500, под истата инсталација се овековечени и новиот 500X, новиот 500L и 124 Spider во лавиринт од бои и свиоци, за да го направи избраниот плоштад вистински Божиќен подарок.
Верзијата во сива боја Cortina од новата специјална серија на Фиат500 Collezione блеснува помеѓу нијансите на “Вертикалната барокна градина” од Рики Фереро, на улицата Алфиери. Светлата кои ги осветлуваат преградите, плочникот, двојната Божиќна елка создаваат сугестивна атмосфера, како од модна писта, во линија со ДНК на изложениот модел.
Делото “Сончев ветар” од Луиџи Нерво на Малиот Плоштад Молино е составен од исечоци на светлина и небо кои наликуваат на сонце со неговите зраци, идеално место на кое се вкрстуваат кружните движења на најпродаваниот автомобил во Европа, Фиат 500 и Фиат Панда, иконите на куќата Фиат.
“Љубовна разлика”, “Да се сакаат разликите” од Микеланџело Пистолето е светлечка инсталација поставена на Плоштадот на Републиката и е составена од основа со слики на гамата. Напишани во многу бои со различни пораки, пораки за мир, пораки за различните култури кои коегзистираат. А, пред овие пораки се поставени разнобојните автомобили од гамата Фиат, продадени во многу земји во светот на различни клиенти.
Порака за мир, преведена на многу јазици кои се зборуваат низ светот.