Во фабриката Fiat Крајслер Автомобили во Тики се произведе автомобилот со реден број дванаесет милиони

Во фабриката Fiat Крајслер Автомобили во Тики се произведе автомобилот со реден број дванаесет милиони

  • На 18 ноември 2019, производната линија на фабриката на FCA во Тики, Полска го произведе 12.000.000-тиот автомобил. Тоа беше Fiat 500. Три дена претходно беше произведен 500.000-тиот примерок на Lancia Ypsilon.
  • FCA Полска е најголемата од 13 полски фирми дел од Групацијата FCA, а фабриката во Тики е една од најсовремените автомобилски фабрики во светот. Во 2018 вкупно 259.448 возила Fiat, Abarth и Lancia излегле од производните линии на FCA Полска.

На 18 ноември 2019 FCA Полска го прослави рекордното производство на дванаесет милионитиот автомобил, црвен Fiat 500. Три дена пред тоа, производните линии на Тики доведоа на светлото на денот една бела  Lancia Ypsilon со број 500.000. А сето ова, откако во 2018 беше произведен Fiat 500 со број 2 милиони.

Вo текот на 27-те години (1992-2019) Групацијата FCA инвестираше преку 2,5 милијарди евра за модернизација на инфраструктурата на фабриката и создаде нов систем на заварување со линии за роботизирано производство, нова работилница за водено фарбање и нов оддел за составување. Оваа инвестиција придонесе за развој на истражувањето и ги подобри усовите за работа, овозможи да се организираат курсеви за обука на персоналот, воведе решенија за заштита на околината и ги прилагоди производството и работите на глобалните стандарди. Фабриката во Тики е постојано во потрага по иновативни решенија и се залага за подобрување на организацијата на работата. Еден од знaчајните елементи кои придонесуваат за развој е и Plant Academy, проект кој има за цел ги развие практичните технички надлежности и лидерството на вработените. Таа е една од ретките фабрики во светот која го достигна златното ниво на World Class Manufacturing, што претставува интегрирана методологија за раководење со фирма.

Создавањето на автомобилската индустрија во Шлезија се издигна кога во 1971 од линиите за монтажа на FSM (Fabryka Samochodow Małolitrażowych) во Бјелско-Бјала излегоа првите модели на Syrena. Во 1973 полската влада откупи една лиценца од Fiat, што ѝ овозможи да го започне производството на првите “Toddler”, како што беа нарекувани Fiat 126p, во фабриката во Бјелско-Бјала. Во 1975 беше изградена современа производна фабрика во Тики, каде се произведуваше овој култен модел, кој за сите оние кои го поседуваа претставуваше статусе симбол на тогашното полско општество.