Настанот media drive кој штотуку заврши цела недела го анимираше градот Торино, нудејќи можност одблиску да се запознае новиот Fiat 500X преку возбудливо пробно возење.Срцето на настанот беше една од најзначајните локации во Италија и симбол на главниот град на Пиемонте: Националниот музеј на Киното во Торино, сместен во куполата Моле Антонелиана која повеќе од еден век надвиснува на главниот град на Пиемонте.
Од недела, 2 септември, секоја вечер, почнувајќи од зајдисонце, куполата беше осветлувана со логоата на “Fiat” и “New 500X”. Посвета која поттикна многу торинези да ја овековечат Моле Антонелиана , додека минуваа низ градските улици. На некој начин така сите ги поврзуваа почетоците на минатиот век кои го обединуваат Торино, марката Fiat и големото кино. Доволно е само да се помисли на различните автомобили на Fiat кои во текот на годините беа вметнати во сценаријата на големите режисери со еден извонреден континуитет кој покажува колку автомобилите на Fiat се автентично наследство кое го надминува светот на автомобилите.
Така на пример во 1957, Фелини, ги одбра моделите 1100 B и 600 Trasformabile за филмот “Ноќите на Кабирија“, и речиси 50 години подоцна токму 500X учествуваше во филмот “Zoolander 2” на Бен Стилер. И како да не се потсетиме на многуте места низ Торино кои беа искористени како места за снимање на извонредни филмови? Тоа беше плоштадот Кастело, во филмот “Хана и нејзините сестри” на Вуди Ален, но и плоштадот КЛН кое беше основа за Кошмарите на Дарио Арџенто. Од голема уметничка вредност се и преку 1.500-те снимки, документарни и рекламни видеа, произведени од страна на Fiat од 1911 до денес.
Најсвежото поглавје на поврзување на Fiat и филмот е short movie, инспириран од култниот филм “Враќање во иднината”*, каде игра извонредниот актер Кристофер Лојд. Го илустрира во совршен стил Fiat 500, новитетите на новиот 500X. За неколку дена вброи преку 36 милиони прегледи: допирлив знак на исчекување и интерес кој го побудува новиот 500X.
Филмот е пристапен сон, кој живее меѓу минатото и иднината и на совршен начин го интерпретира времето. Ваквиот концепт можат на најдобар начин да ги спојат Неделата на филмот и карактерот на Fiat 500 од неговото и создавањето на неговото семејтсво, па сè до денес до големото комплетирање.
Семејство кое продолжува да се шири со важни новитети, како што покажува дебито на новиот 500X со новите мотори FireFly Turbo 1.0 и FireFly Turbo 1.3, воведени за прв пат на автомобил од марката Fiat, два ефикасни и иновативни мотори кои по којзнае кој пат се примат на Групацијата во автомобилскиот свет: токму како што “пламенот” од каде го земаат името, новите мотори FireFly Turbo се форма на најчиста и најкомпактна енергија која е на располагање кај автомобилите Fiat. Освен технолошка иновација, новиот 500X предлага и гама која е комплетно подновена, со две тела и три нивоа на опременост: Urban, City Cross и Cross. Во серија на сите верзии њ “Traffic sign recognition” co “Speed Advisor” и “Lane Assist” за да се понуди максимална сигурност и помош при возењето.
Истите емоции се чувствуваат кога се преоѓа од големиот екран зад воланот: за да се откријат сите технолошки новитети на новиот 500X, марката Fiat изведе едно пробно возење во должина од 60-ина km, од центарот на Торино и планините околу градот. Гостите во “media drive” тргнаа од плоштадот Карло Емануеле II, поминаа преку Вила дела Реџина (Вилата на кралицата) од каде се пружа прекрасен панорамски поглед. Оттука се среќаваат на 700 метри од Коле дела Мадалена (Ридот на Магдалена) на кој се наоѓа Светилникот Виториа, бронзено дело кое во 1928, го порача сенаторот Џовани Ањели од склупторот Едоардо Рубино. Новите 500X кои беа дел од пробното возење се упатија потоа кон малата општина Камбианои потоа продолжија по автопатот, за да го завршат патот пред Малата палата за лов на Ступиниџи, неодамна реставрираната резиденција и оттука се упатија кон центарот на Торино: извонреден пат за да се почувствуваат сите потенцијали кои ги овозможуваат помошните системи за возење на новиот кросовер на куќата Fiat кои го прават секое патување извонредно пријатно искуство, сигурно и забавно.
Не случајно новиот 500X е повикан да бисе сведок на италијанскиот кросовер лансиран 2014, лидер во Италија од лансирањето, меѓу првите пет во Европа, но пред сè автомобил Fiat кој постојано освојува. За да го совлада и овој предизвик, беше создаден како автомобил кој може да патува низ времето прилагодувајќи ја традицијата со успехот всаден длабоко во корените на историјата на марката со новите технологии кои доаѓаат од иднината. Се чини како филмска фантазија, но е подготвен да вози по сите патишта низ Европа и како што се вели во спотот “Утрешнината те очекува. Денес”.