Во Ринашенте во Милано, историскиот симбол на градот на модата, се одржа настан на кој беше претставен новиот 500 Collezione, кој ја враќа марката Fiat во светот на модата.
Лука Наполитано, Директорот на EMEA Fiat and Abarth brand, ја претстави новата специјална серија заедно со Емануеле Фарнети, директорот на Vogue Italia и на Uomo Vogue, кој зборуваше за соработката со списанието.
Fiat иUomo Vogue заеднички направија спот за лансирањето на 500 Collezione, како сведоштво за заедничките вредности на иконата 500 и списанието.
Дизајниран во Стилскиот центар Fiat, новиот 500 Collezione се истакнува со новите префинети изданија на каросеријата, како што е двобојното “Brunello”, вреден ентериерво штоф на риги, наплатки со “бакарна”обработка и хромирано лого “Collezione” на задната врата.
Fiat 500 е лидер во сегментот A во Европа во 11 земји и е на врвот на листата уште во 5 други, во првите девет месеци од годинава, 11 години по лансирањето, се најдобрите од кога и да е.
Новиот Fiat 500 Collezione е веќе во продажба во продажните места на
Во Ринашенте во Милано се одржа настан на кој беше претставен новиот Fiat 500 Collezione, специјална серија на куќата Fiat инспирирана од есенските нијанси, кој што се претстави со нови и неочекувани комбинации на бои и материјали.
За да се лансира специјалната серија, марката Fiat го избра најдоброто од светот на стилот и модата: Uomo Vogue, co кој ги споделува истите вредности на елеганција и грижа за секој детаљ. И двата италијански бренда повеќе од половина век ги испишуваат страниците на историјата во светот на дизајнот и модата, дефинираат нови трендови и го извезуваат “made in Italy” низ светот, така што станаа признати на интернационално ниво. И двата бренда извршија влијание и беа сведоци на стилот на животот во Италија којшто го извезоа во светот.
На настанот присуствуваше Лука Наполитано, директорот на EMEA Fiat and Abarth brand и Емануеле Фарнети, директор на Uomo Vogue и на Vogue Italia. И двајцата имаа свое излагање за вредностите кои ги спојуваат иконата на марката Fiat и Uomo Vogue. Ваквиот концепт најдобро го изложи Лука Наполитано: “Историјата на Fiat 500 е вистинска историја на успехот. Автомобил кој преку 60 години ја изнесува Италија на улиците низ светот, станувајќи најглобален автомобил на Fiat. Тој претставува вистинска “историја на насловна страница”, од каде 500 стана вистински магнет кој ги привлекува останатите стилски и дизајнерски икони. И затоа за лансирањето на новиот 500 Collezione како партнер ја избравме токму иконата со подеднакви вредности: Uomo Vogue”.
Fiat 500 Collezione
Дизајниран во Стилскиот центар на Фиат, новиот 500 Collezione се надоврзува на пролетната специјална серија, следејќи ги модните сезони со предлог кој е во можност да ги исполни желбите, па какви и да се, издвојувајќи се со својата класа, на сите љубители на особена естетика и на безвременскиот стил. Модерна клиентела кој е поврзана, која во потполност ја доживува културата и градскиот живот. На располагање се верзиите со стаклен кров во серија и кабрио со сив soft top, а располага со уникатни изданија на каросеријата, нови, како што е двобојната “Brunello”, контрастниот ентериер бордо Opera и сив Carrara. Како однатре, така и однадвор се истакнуваат деталите во бакарна боја, од инструмент таблата на линија на убавината, па сè до лиените наплатки од 16”, со ексклузивни содржини, вреден ентериер во обработен штоф и, за да се утврди елегантноста на автомобилот, логото “Collezione” ракописно напишано, хромирано, на задната врата.