ПРЕГЛЕД НА МОДЕЛОТ
Grande Panda La Prima
Верзијата La Prima ги истражува границите на стилот за да понуди најдобро доживување во поглед на естетиката и удобноста. Зад воланот на Grande Panda La Prima уживај во исклучително возење низ градот.
ОПИС
- 17“ алуминиумски тркала со капаче на средината
- Специфична ткаенина за внатрешноста
- Електрични надворешни ретровизори со електрично преклопување, во црна боја
- Вграден систем за навигација
- Автоматски клима-уред
- Безжичен полнач
- Управувач со мек допир
- Задни сензори за паркирање и многу повеќе
Секаде со стил
Покажи го твојот стил. Grande Panda La Prima доаѓа со 17“ алуминиумски тркала, затемнети стакла и префинета надворешност и внaтрешност.
Стилот на технологијата
Стил во секој детаљ. Откријте ја најсовремената технологија како што се задна камера за паркирање, предни сензори за паркирање и електрохроматски внатрешен ретровизор.
Технологија на дофат
Уживај во секое патување благодарение на 10.25" екранот на допир, за лесно и брзо управување со системот за забава и информирање.
Мануелен менувач
Мануелниот менувач овозможува активно контролирано возење, го намалува напорот во сообраќајот и ти дозволува да се фокусираш на патот уживајќи во удобноста и прецизноста.
Apple Carplay™
Поврзи се со твојот iPhone и забавувај се додека возиш. CarPlay ќе достави сè што ти треба директно на екранот на радиото. Можеш да добиваш упатства за насоки, да телефонираш, да разменуваш пораки и да слушаш музика без да ти биде оттргнато вниманието од патот пред тебе. CarPlay го интегрира гласовниот асистент Siri, но ќе работи и со копчињата и рачките на воланот, допирните површини или екраните на допир. Сите апликации компатибилни со CarPlay се дизајнирани да овозможат лесен и интуитивен пристап, без да треба да го тргнеш погледот од патот.
Android Auto™
Лесно пристапувај до содржината или користи Google Maps и музика од Google Play додека возиш. Android Auto™ ќе ги прикаже сите твои компатибилни апликации на екранот на радиото. Ќе може интуитивно да пристапиш до сите функции што се обезбедени преку гласовни команди, копчиња на воланот или екраните на допир.
Google, google play, android auto и waze се трговски марки на google LLC.