Grande Panda Hybrid

Преглед

Двојно зголеми ја забавата. Grande Panda со хибриден мотор. 

Со Grande Panda двојно зголеми ја забавата! Достапна и во хибридна верзија, твојата предност е во тоа што не само ќе уживаш во сите извонредни карактеристики на моделот, туку и во перформансите на исклучителниот 3-цилиндричен турбо мотор.

Надворешност и внатрешност

Футуристички изглед

Grande Panda ја донесе иднината во вашата сегашност. Позната по својата практичност и одличен сојузник во урбаната мобилност, сега со нов и смел карактер, дефиниран со нејзините впечатливи геометриски линии и привлечен дизајн на светлата.

Иновација во секој детаљ

Откриј ја впечатливата надворешност на Grande Panda Hybrid со пикселни LED предни и задни светла и футуристички изглед на предната решетка. 3D релјефното лого на Panda на вратите додава препознатлив допир, додека сребрените метални шипки на покривот со дијамантска форма дополнително го истакнуваат нејзиниот иновативен дизајн. Достапно само кај верзијата La Prima.

Безбедност

Опремена за вашите патувања

Grande Panda Hybrid е опремена со врвни безбедносни системи за твоето патување. Нејзините безбедносни технологии обезбедуваат сеопфатна помош со визуелни и звучни предупредувања по потреба. Меѓу системите за помош во возењето со кои располага, спаѓаат и: Активната безбедносна кочница, Помош за одржување во коловозна лента, Предупредување за замор кај возачот и многу други.

Поврзување и систем за информирање и забава

Биди подготвен за супер возбудливи денови

Grande Panda има екран на допир од 10,25“ за забава, каде што може не само да ја слушаш омилената музика, туку и безжично да се прикажуваат сите функции на мобилниуот телефон на големиот централен екран. Прошири го доживувањето со поврзаните услуги, дури и надвор од автомобилот, со преземање на твојата Fiat апликација. Далечински управувај со централното отворање или затворање на вратите, лоцирај го во просторот твојот автомобил за полесно да го пронајдеш... и многу повеќе.

Перформанси

Хибридно искуство

Grande Panda Hybrid те носи насекаде со леснотија. Турбо моторорот од 1.2L со 3 цилиндри, од најновата генерација T-Gen3 работи заедно со 48V литиум-јонска батерија, испорачувајќи до 110 КС комбинирана моќност.* Во комбинација со 6-степен автоматски менувач, нуди совршена рамнотежа помеѓу ефикасност, перформанси и задоволство при возење. *Комбинирана моќност на термичкиот мотор 100 КС и електричниот мотор 28 КС.