LANE CONTROL - СИСТЕМ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА

Кој не дозволува преминување на линијата на коловозната лента, под услов линиите да се јасно исцртани на патот. Дојавува доколку возилото тежнее да излезе од лентата, преку визуелен сигнал и дејство врз воланот.

INTELLIGENT SPEED ASSIST AND TRAFFIC SIGN RECOGNITION

Новото Tipo ги открива и ги препознава сообраќајните знаци и ги прикажува на збирниот екран на допир. Кога е вкчучен активниот темпомат, може да се ограничи максималната брзина на движење на возилото до ниво кое да може да се отчита на сообраќајниот знак преку системот за препознавање на сообраќајни знаци – Traffic Sign Recognition system.

ATTENTION ASSIST - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЗАМОР НА ВОЗАЧОТ

Систем кој го предупредува возачот дека е време да направи пауза, бидејќи е преморен за да продолжи безбедно да вози, кое се одвива преку визуелен и акустичен сигнал на збирниот екран.

АВТОНОМНО ИТНО КОЧЕЊЕ ВО ИТНИ СЛУЧАИ

За да се избегне или ублажи судир со возило пред тебе, при брзина до 200 км/ч, дејствува системот за автономно кочење во итни случаи. Автомобилот, најпрвин, само го предупредува возачот со акустично и визуелно предупредување на збирниот екран за инструменти, и ако возачот не реагира, системот го кочи возилото со што помага да се избегне или ублажи потенцијален судир.

ПРЕДЕН СЕНЗОР ЗА ПАРКИРАЊЕ

Вози полека на кој било пат и, исто така, кога паркираш: со мала брзина, нема повеќе случајно да се судриш со друго возило или пак ѕид. Со брзина под 13 km/h , сензорот за паркирање открива пречки околу возилото и го известува возачот за близината на пречките.

АКТИВЕН ТЕМПОМАТ

Tipo Cross го користи активниот темпомат – Adaptive Cruise Control System, за да го одржи безбедното растојание од возилото пред него при брзина од 30 km/h па сè до 160 km/h.

АКТИВНА ПРЕДНА МАСКА

Овој систем ја оптимизира аеродинамиката, така што ги користи отворите за вентилација на предната маска за прилагодување на протокот на воздух до делот на моторот. Овозможува загревање на моторот, ја намалува бучавата и го штити ладилникот

ПРИЛАГОДЛИВИ ДОЛГИ СВЕТЛА

Го прави ноќното возење многу побезбедно обезбедувајќи широка видливост, притоа не пречејќи и м на возилата од спротивна насока или пред твотео возило.

ЗАДЕН USB ПРИКЛУЧОК

Го прави поудобно патувањето за патниците на задните седишта.

БЕЗЖИЧЕН ПОЛНАЧ ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Ново во гамата Tipo, безжичен полнач за мобилен телефон кој овозможува твојот уред да е постојано полн и поврзан, без кабли

KEYLESS ENTRY

Повеќе нема потреба да го користиш клучот за отворање на вратите или пак за стартување на моторот: доволно е да го носиш со себе.

BLIND SPOT ASSIST

Кога возиш со брзина над 10 km/h новото Tipo Cross ги открива предметите кои се наоѓаат во слепите агли одзади или од страна и те предупредува преку акустичен сигнал и светло на страничните ретровизори. Оваа функција исто така ти помага да откриеш возило кое наидува одзади при излегување наназад од паркинг место.

ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА

На новото Tipo Cross, на располагање ти е врвна технологија. 7’’ и 10” екран за радио ти овозможува да уживаш во музиката, навигацијата и поврзувањето на твоите уреди на јасен, видлив и лесен начин.

DAB

Сета можна висока резолуција на Digital Audio за музика, информирање и забава.

БЕЗЖИЧЕН APPLE CARPLAY

Поврзи го твојот iPhone со 10″ Uconnect™ екран и контролирај го Apple CarPlay безжично со Siri гласовните команди или екранот на допир. Безжичниот Apple CarPlay е попаметен и побезбеден начин да го користиш твојот iPhone во твојот автомобил. Можеш да добиваш информации за правецот на движење, да се јавуваш, да испраќаш и да примаш пораки, да слушаш музика преку Apple Music, и притоа да останеш сконцентриран на патот пред тебе.

БЕЗЖИЧЕН ANDROID AUTO

Новото Tipo Cross е исто така компатибилно со Android Auto™. Штом еднаш се поврзе паметниот мобилен телефон со автомобилот, интерфејсот го препознава корисникот и ги претставува апликациите од телефонот на 10“ екран на Uconnect™. Можеш да управуваш со музиката, контактите и благодарение на Google Maps можеш да ги проучуваш мапите, условите на патот во реално време, директно преку екранот на допир и без да ја ставаш безбедноста на ризик.

Ви треба информација? Разговарајте со нас