PUNTO Е АВТОМОБИЛ КОЈ ГО САКАМЕ

Го сакаме благодарејќи на неговата внатрешност, која внесува стил и комфор сè во едно, го сакаме поради неговиот карактер, напредно-размислувачки линии, но и поради елегантниот спортски стил. Го сакаме едноставно поради фактот дека е  Punto.

СПАКУВАНО КАКО ШТО ПОСАКУВАТЕ

Punto Ви нуди различни можности за опремување, со цел Вашиот автомобил да ги пресретне сите технички и функционални потреби. Опциите се персонализирани специјално за Вас.

СПОРТСКИ МОДЕЛ

Динамичен, како што впрочем сте и Вие! Новиот Sport Pack Ви нуди извонреден сет на стандардна опрема со единствена формула: најдинамичната верзија во својот ранг, модел кој се истакнува најмногу.

СПОРТСКА ЕЛЕГАНЦИЈА

Задниот браник е присутен во идентични бои и во нов дизајн. Задното светло за магла и задните светла се сеуште сместени во долниот дел, со продолжен облик  и се интегрирани во на околната подлога.

АВТОМОБИЛ СО ИМИЏ НА ЗВЕЗДА

Со 9те бои на располагање, Punto e автомобил кој ја отсликува својата совршеност од сите можни агли.  Sicilia портокалово, страствено црвено,  Riviera сино…како ќе го облечете Вашето Punto?

ПЕРСОНАЛИЗИРАНА КОНТРОЛА НА ТЕМПЕРАТУРАТА

Со помош на дуалната автоматска зона за контрола на температурата, можете да ја подесувате истата во рамките на патничкиот дел, со цел да Ви одговара и Вам и на Вашите сопатници.

СМЕСТЕТЕ СЕ УДОБНО

Поп или кул? Новиот внатрешен простор на Punto е подготвен да Ви пружи добредојде нудејќи Ви функционална удобност, а воедно и да Ве разгали преку својата високо-квалитетна црна ткаенина Castiglio. За време на возењето, елеганцијата и функционалноста одат заедно.  Седиштата на Easy trim нивото доаѓаат во деним ткаенина, и тоа во две различни вертикални опшивки, црвени или сиви.

ДЕЛ ЗА СКЛАДИРАЊЕ ЛИЧНИ РАБОТИ

УДОБНА ЗАВРШНИЦА