СИГУРНОСТ, СЕКОГАШ ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ

Со Аutonomous Сity Вrake ненадејните препреки повеќе не се проблем.
Системот за самостојно кочење за спречување на фронтален судир ѝ овозможува на новата Панда да препознае присуство на возила и автоматски ја активира кочницата, се` додека возачот не изреагира. На тој начин спречува да дојде до судир или пак ги намалува последиците при судир.

*Опционал на располагање по барање

ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА
Иновативниот систем за информирање и забава на новата гама на Panda нуди радио Uconnect™ со екран на допир од 7’’ (опционал во City Cross , а во сериска опрема на Cross), кое е интегрирано со Apple CarPlay™ и со Android Auto™ и ти овозможува да го поврзеш твојот мобиле телефон за да ја слушаш омилената музика, да сурфаш или да вршиш повици без да го изгубиш од вид патот пред тебе.

 

ANDROID AUTO™

Новата гама на Panda е компатибилна и со ANDROID AUTO. Штом го поврзеш мобилниот телефон, пријателскиот интерфејс ги покажува твоите апликации на екранот од 7” на радиото од системот UconnectTM. Можеш да ги организираш музиката, контактите и, благодарение на Google Maps, да го запознаеш патот, адресите и условите на сообраќај во реално време, сето тоа директно на твојот екран на допир и без да ја доведуваш во прашање сигурноста при возење.

Google, Google Play и Android Auto се заштитени марки на Google LLC.
За да се користи Android Auto на екранот во твојот автомобил, треба да поседуваш компатибилен мобилен телефон со систем Android 5.0 или повисоко ниво, како и Android Auto app.

APPLE CARPLAY™

Поврзи го твојот iPhone со екранот на радиото Uconnect од 7’’ за да и контролирај ја Apple CarPlay преку гласовните команди Siri или користејќи го екранот на допир. Apple CarPlay е најлесниот и најбезбеден начин за користење на твојот iPhone. Можеш да добиваш насоки, да вршиш повици, да управуваш со пораки, да слушаш музика од Apple Music или Spotify, аудиокниги и подкаст без да ја изгубиш контролата врз патот.

CarPlay, iPhone и Siri се заштитени марки на Apple inc.

Ви треба информација? Разговарајте со нас