ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА
Новиот систем за информирање и забава Cinerama на Fiat 500 со екран од 10,25”, е секогаш добро видлив пред тебе. Ултрабрзиот Bluetooth се прилагодува на сите мобилни телефони и за помалку од 5 секунди од отворањето на вратите.Опремен со интуитивен интерфејс, којшто може да се персонализира, овој систем му овозможува на возачот да ги организира појавите на екранот во зависност од неговите потреби. Системот за гласовна контрола овозможува уште поедноставна интеракција, со користење на реченицата “Hey Fiat”; интегрираната платформа за навигација ги покажува информациите за сообраќајот, метежот, ограничувањето на брзината, паркинзите, станиците за полнење, како и информациите за времето во одредена дестинација. 3D навигацијата може да се прикажува и на збирниот екран од 7’. Новиот 500 има и безжичен полнач за мобилен телефон, за да бидеш поврзан/а со потребното полнење.