КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕЛЕКТРИКАТА

СОЗДАДЕН ЗА ВО ГРАД

Благодарение на двата различни типа на батерии, кои гарантираат автономија до 190 или пак 320 km автономија на движење*, ќе имаш можност да ја поминеш твојата секојдневна рута: до работа и назад, до салата за вежбање, или пак да отидеш на подалечно место. Одбери го тоа што најмногу ти одговара.

* Податок кој одговара на Новиот 500 со батерија од 42 kWh.

НАЧИН НА ВОЗЕЊЕ “SHERPA”

Кога ќе се сместиш зад воланот, ќе можеш да го поставиш начинот на возење “Sherpa”: интелигентно поставување на начин на возење којшто овозможува заштеда на енергија и подобрување на климатизацијата, греењето на седиштта, брзината и забрзувањето за да ти овозможи уште поголема автономија до пристигнувањето на дестинацијата.

БРЗО ПОЛНЕЊЕ

Новиот 500 може да се полни на брз начин до 85 kW за време на едно пиење кафе: доволни се само 5 минути за да се наполни батеријата која овозможува автономија од 50 km, вклучувајќи ги секојдневните возења од до одредена дестинација. За да се достигне полнење на батеријата од 80% доволни се само 35 минути.

* Информации кои се однесуваат на батерија за 320 km.

ЕДЕН ПЕДАЛ, ДВОЈНА ФУНКЦИЈА

Новиот 500 е еден од првите електрични автомобили кои овозможуваат возење со користење само на десниот педал за забрзување и успорување.Секогаш кога возачот ја подига ногата од педалот, автомобилот успорува, при што ја конвертира и ја презема кинетичката енергија и ја полни батеријата. Секако, заради максимално олеснување на возењето , тука е и педалот
за кочница, штом се јави потреба од кочење.

ЕКСКЛУЗИВЕН ЅИДЕН ПОЛНАЧ

Ѕидниот полнач Easy Wallbox, понуден како опционал, е проектиран за да креира твоја лична домашна станица за полнење. Изведен со технологија “Plug&Play”, не
бара никаква техничка инсталација. Благодарение на апликацијата MyEasyWallbox инсталирана на твојот мобилен телефони поврзана преку Bluetooth можеш да ја наместиш и да ги контролираш сите оперативни параметри. Easy Wallbox има динамички сензор за водење на енергијата (DPM) за го да заштити уредот од ненадејно снемување струја и, ако ја зголемиш моќноста на твојот електричен уред на 7.4 kW (преку професионална инсталација), Новиот 500 ќе се наполни за помалку од 4 часа*.

* За состојба на полнење на батеријата од 15% на 80%.

ТВОЈАТА СОВЕСНОСТ МОЖЕ ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ АВТОНОМИЈАТА

Различни фактори можат да влијаат на автономијата на твојот електричен автомобил. При големи брзини, автономијата е намалена. На 130 km/h е речиси преполовена во циклусот WLTP. Нормалното забрзување и внимателната употреба на кочниците, автономијата може да се подобри за 15%-20%. Употребата на клима-уредот може да влијае врз нејзиниот потенцијал до 40%. Корисен совет е да се затопли или разлади автомобилот.

БРЗО ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА НАДВОР ОД ДОМА

И кога не си дома, нема зошто да се грижиш: можеш да го користиш кабелот Mode 3 за да го наполниш твојот Нов 500 на јавните станици за брзо полнење и на резервираните паркинзи. Секако, можеш да го користиш и дома со твојот wallbox.

Ви треба информација? Разговарајте со нас