Интелигентен, не само убав.
Толку генијален – Apple Carplay
Благодарение на конфигурацијата Apple CarPlay, лесно можеш да го поврзеш твојот iPhone со екранот на UconnectTM 7’’ HD, за да добиеш пристап до информациите за навигација, повици, испраќање и примање на пораки, слушање музика на најинтуитивен начин досега.
Треба да ги користиш екранот на допир, командите на воланот или гласовните команди благодарение на Siri.
Кликни овде за да откриеш компатибилни уреди.
LINK: https://www.apple.com/ios/carplay/
Apple CarPlay, iPhone и Siri се регистрирани марки на Apple Inc.
Толку сјаен – Android AutoTM
Новите Fiat 500 Star и Rockstar се компатибилни со Android AutoTM. Поврзи го твојот смартфон и управувај со мапи, музика, контакти и многу повеќе, без да ја ризикуваш сигурноста. Благодарение на интерфејсот user-friendly, твоите апликации ќе се појават на екранот на UconnectTM 7” HD, организирани на страници, лесни за читање.
Кликни овде за да откриеш компатибилни уреди
LINK: https://www.android.com/intl/en_en/auto/
Android, Android AutoTM, Google Play и други марки се регистрирани марки на Google Inc.
Сигурни во Fiat 500%
Имај доверба: тоа е Fiat 500, компактен автомобил кој има срце за неговите патници. За тебе, за твоите пријатели или твоето семејство, безбедноста е осигурена благодарение на 7-те воздушни перничиња во серија, напред и странични.
Вози опуштено: со Fiat 500 ќе имаш совршена контрола и во маневрите при ненадејни ситуации или на лизгав терен. Благодарение на контролата на стабилноста ESC – Електронска контрола на стабилноста, која вклучува и ABS и ASR кои ти помагаат при поаѓање и кочење во отежнати услови.
Вози опуштено
Зад воланот на Fiat 500 ќе имаш на располагање и напредна технологијакако што е Cruise control. На почетокот на патувањето постави ја саканата брзина и Fiat 500 ќе ти помага да ја одржуваш постојана за целото време на патувањето. Така, секогаш ќе возиш опуштено и на долгите патувања.
Сигурен во себе, брз како тебе.
Во Fiat 500 технологијата е и безбедност: ако на почетокот на патувањето ја поставиш максималната брзина на движење, Speed limiter – Ограничувач на Брзината ти помага да не ја надминуваш во текот на возењето.Доволно е да го активираш копчето под воланот: патувањето ќе се одвива како ти што сакаш.
Угорнина? Слободно тргни!
Страв од угорнини? Нема зошто, сега тргнувањето е уште полесно со Fiat 500, и на угорнина, благодарение на Hill holder – помош при тргнување на угорнина, кој ти ја олеснува работата спречувајќи го возилото да тргне наназад.
Помош при нагло кочење
Во случај на нагло кочење системот HBA на Fiat 500C додава повеќе сила на ненадејното кочење, а уредот Hazard автоматски ги активира трепкачите. Дали некое куче ќе истрча пред тебе или пак возилото пред тебе нагло ќе закочи, Fiat 500 кочи за тебе.
Да пееме на дождот
Дождот или промените на светлината повеќе не се твој проблем. Сензорот ја утврдува намалената светлина и автоматски ги вклучува фаровите. Во случај пак на дожд, ги активира бришачите. А ти вози си и свиркај си.