Комплетна технологија

САТЕЛИТСКА НАВИГАЦИЈА

TomTom sat-nav ви ги овозможува најиновативните карактеристики, како IQ Routes®, кој се базира на најголемата од кога и да е база на рути инкорпорирани во сателитско-навигациски систем, а ви овозможува да го изнајдете најбрзиот пат за да стигнете каде и да одите.

Новиот Uconnect 7” HD NAV LIVE систем ја искористува во целост функционалноста на екранот чувствителен на допир и ви овозможува да допрете и зумирате додека да го добиете оптималниот изглед на мапата.

Нов TFT

Мониторирајте ги вашите патувања со помош на новата инструмент табла. Новиот 3.5” TFT екран во боја и подобрениот дизајн кој создава повеќе простор за инструмент таблата што му овозможува на возачот одличен преглед врз сите параматери.

Управувач со интегрирани контроли

Со новиот 500L, технологијата е – буквално – на дофат. Освен што е со исклучителен дизајн, новиот управувач со интегрирани команди ви овозможува да ги контролирате сите главни функции за радиото и инструмент таблата со минимално движење вашите прсти.

Uconnect™ LIVE

Обожувате технологија? Тогаш сигурно ќе го обожувате Uconnect™ LIVE. Вклучете го Uconnect™ радиото со вашиот смартфон и  искористете ги бројните апликации, како на пример:следење на вашиот стил на возење на мониторот со што ја следите економичноста на потрошувачаката, следење на состојбата на вашето возило, ако сакате и преку смартфон, и ве потсетува каде сте паркирани.Чекирање на Facebook и Twitter.Изберете нешто од Deezer или TuneIn, следете Reuters, добивајте информации од TomTom Live. Што дополнително би можеле да посакате?

Apple CarPlay™*

Новиот 500L работи со Apple CarPlay™. Тое е најпаметниот и најбезбедниот начин да го користите вашиот iPhone во возилото. Благодарение на главните апликации и фунции развиени специјално за CarPlay на екранот на вашиот 500L, можете да добиете информации за сообраќајот, да телефонирате, да испратите и да добиете текстуални пораки и да слушате музика без да го тргнете вниманието од патот. Со Siri, можете да користите гласовни команди за да управувате со главните функции на вашиот смартфон, или да го користите екранот на допир или командите инсталирани на управувачот.

Android Auto™**

Новиот 500L  е компатибилен со Android Auto™. Тоa го поедноставува пристапот до вашата содржина и апликации додека возите без да ја загрозите безбедноста. Вашите апликации ќе се појават на екранот од вашиот 500L, благодарение на едноставен, интуитивен интерфејс, организиран во лесно читливи страници. Со Google Maps, можете да добивате информации за сообраќајот и многу повеќе во реално време, а со најдобрата бесконтактна технологија, можете да телефонирате и да испраќате и добивате текстуални пораки без да ги поместите рацете од управувачот.

Apple CarPlay
За да го користиш Apple CarPlay™ поврзи го твојот IPhone на USB приклучокот во твојот автомобил.

AndroidAuto
       За да го користиш Android Auto™ поврзи го твојот компатибилен паметен телефон на USB приклучокот во твојот автомобил.

*Apple CarPlay™ е трговска марка на Apple Inc. Употребата на логото Apple CarPlay означува дека корисничкиот интерфејс на автомобилот ги исполнува стандардите за перформанси на Apple. Apple не е одговорен за функционирањето на автомобилот или неговата сообразност со безбедносните стандарди или законската регулатива. Имајте во предвид дека употребата на овој производ со iPhone, iPod, или iPad може да влијае врз безжичните перформанси. **Android Auto™ е трговска марка на Google Inc.

Паметна камера при движење наназад

Возењето наназад е полесно од кога и да е. Штом ќе вклучите во степен за движење наназад, задната камера се вклучува, а на екранот од вашиот нов 500L се појавува остра, јасна слика од она што е зад вас.

Перформанси и безбедност

ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

Супериорна пасивна безбедност. Никој не се грижи подобро за вашето семејство од семејството 500L. Затоа вградивме и до 7 воздушни перничиња.

AUTONOMOUS CITY BREAK

500L е секогаш концентриран на патот. Со автономниот систем за кочење во град, уживајте во безгрижно возење. Системот со ласер сензор на предниот дел ја мери одалеченоста од можните пречки при брзина до 30 km / h  и доколку е неопходно кочи за да спречи или ублажи судир. Новиот 500L нема да ве изневери во никој случај, особено не во градскиот сообраќај.

ESC

Комплетна стабилност. Електронската контрола на стабилност (ESC) овозможува новиот 500L да ја има комплетната контрола во непредвидливи ситуации и при лизгава подлога. Системот вклучува автоматски систем против пролизгување (ASR) и контрола на вртежниот момент на моторот (MSR), Hill Holder, антиблокирачки систем за сопирање (ABS), електронски систем против превртување (ERM) и динамичен вртежен момент (DST).

HILL HOLDER

Сакате да совладате планина? 500L го олеснува возењето по стрмни падини, бидејќи Hill Holder оневозможува да се вражањето наназад кога ќе ја ослободите педалата.

DST

Сѐ е под контрола. 500L секогаш ви помага: затоа, има динемичен вртежен момент (DST) кој го подобрува со активирање на соодветен одговор на управувачот.

ERM

Безбедност при сите услови. Електронскиот систем против превртување (ERM) е врвен систем кој помага да се осигура вашата безбедност со препознавање на ризикот за превртување и негова превенција.

Ви треба информација? Разговарајте со нас