Внатрешност

Авантуристичко патување

Новиот 500L Cross е тип на возило со кое можете да појдете секаде, секогаш, создаден за луѓе кои го претвораат секој момент од слободното време во патување за откривање нови работи. Подесиви седишта, Uconnect 7” HD LIVE екран чувствителен на допир со USB и можност за избор на режим ќе го направат секое патување незаборавно, без разлика дали е во или надвор од градот.

Наполнете со искуство, го има целиот простор кој ви е потребен.

Секое патување има своја музика

Сите ние ги поврзуваме песните со нашите чувства, а ритмовите со нашите авантури.  Со новото радио UCONNECT 7’’ HD LIVE со екран чувствителен на допир со DAB  и USB влез, треба само да почекате и да видите која ќе биде музиката на вашите следни авантури.

Различен пат, различен пристап.

Подвижен во сообраќај, спортски настроен надвор од град, и перфектен и на најпредизвикувачкиот терен. Новиот 500L Cross доаѓа со регулатор за режим, за да можете да изберете од трите возни режими, “Normal”, за сигурно, удобно возење во нормални услови, “Traction+”, за површини како кал и снег, и “Gravity Control” за да ви помогне да ја задржите константна брзината при остри агли кај нагорнини и надолнини.

На тој начин вие секогаш ќе бидете подготвени.

Кабина

Комфор, надвор од вашата комфор зона.

Новиот 500L Cross е автомобил за живеење до максимум. Новиот материјал за прекривање на инструмент таблата и седиштата го поставуваат тонот на комплетната внатрешност, додека преклопливите седишта со висинско подесување ја нагласуваат неговата модуларност. Така можете да ја прилагодите позицијата на седењето па дури и да се одморите помеѓу две одредишта.

Багажен простор

Багажник полн со спомени

Патувањата се такви: заминувате со вашиот преполн куфер кој пука по рабовите, а се враќате без сувенирите кои сте ги посакале бидејќи сте немале место.
Но со 500L Cross ќе добиете 455 литри багажен простор. И доколку тоа не е доволно, Cargo Magic Space системот и задните седишта кои се преклопуваат ќе ви ослободат дури и повеќе волумен.
Натоварете со што сакате, бидејќи најдоброто нешто што можете да донесете од било кое патување е искуството.

Ви треба информација? Разговарајте со нас