Технологија

Врвна технологија, душа на crossover

Кој рече дека  crossover значи малку технологија? Новиот 500L Cross блика со врвна технологија како што е регулатор за режим на возење и UCONNECT 7” HD LIVE екран чувствителен на допир со USB – за да повторно се врати насмевката на вашето лице кога сте на патување. Чувствувајте се слободно да го истражувате светот и да го споделите вашеите искуства.

Новиот UCONNECT 7’’ HD LIVE

Радиото со нов 7’’ екран чувствителен на допир ви овозможува да ги изберете вашите омилени песни и радио станици, како и да пристапите до сите други функции на екранот со едноставен допир, а тука е и USB влез така што ќе може да поврзете компатибилен надворешен уред за да слушате музика или да ги употребите апликациите кои и ги имате во него.

И за најпрефинетите корисници, тука е и ритам системот. Земете ја музиката со вас, каде и да одите.

Uconnect™ LIVE

Обожувате технологија? Тогаш сигурно ќе го обожувате Uconnect™ LIVE. Вклучете го Uconnect™ радиото со вашиот смартфон и искористете ги бројните апликации, како на пример:следење на вашиот стил на возење на мониторот со што ја следите економичноста на потрошувачаката, следење на состојбата на вашето возило, ако сакате и преку смартфон, и ве потсетува каде сте паркирани.Чекирање на Facebook и Twitter.Изберете нешто од Deezer или TuneIn, следете Reuters, добивајте информации од TomTom Live. Што дополнително би можеле да посакате?

Apple CarPlay™*

Новиот 500L работи со Apple CarPlay. Тоа е најпаметниот и најбезбедниот начин да го користите вашиот iPhone во возилото. Благодарение на главните апликации и фунции развиени специјално за CarPlay на екранот на вашиот 500L, можете да добиете информации за сообраќајот, да телефонирате, да испратите и да добиете текстуални пораки и да слушате музика без да го тргнете вниманието од патот. Со Siri, можете да користите гласовни команди за да управувате со главните функции на вашиот смартфон, или да го користите екранот на допир или командите инсталирани на управувачот.

Android Auto™**

Новиот 500L е компатибилен со Android Auto™. Тоа го поедноставува пристапот до вашата содржина и апликации додека возите без да ја загрозите вашата безбедност. Вашите апликации ќе се појават на екранот од вашиот 500L, благодарение на едноставен, интуитивен интерфејс, организиран во лесно читливи страници. Со Google Maps, можете да добивате информации за сообраќајот и многу повеќе во реално време, а со најдобрата бесконтактна технологија, можете да телефонирате и да испраќате и добивате текстуални пораки без да ги поместите рацете од управувачот.

Apple CarPlay
За да го користиш Apple CarPlay™ поврзи го твојот IPhone на USB приклучокот во твојот автомобил.

AndroidAuto
       За да го користиш Android Auto™ поврзи го твојот компатибилен паметен телефон на USB приклучокот во твојот автомобил.

*Apple CarPlay™ е трговска марка на Apple Inc. Употребата на логото Apple CarPlay означува дека корисничкиот интерфејс на автомобилот ги исполнува стандардите за перформанси на Apple. Apple не е одговорен за функционирањето на автомобилот или неговата сообразност со безбедносните стандарди или законската регулатива. Имајте во предвид дека употребата на овој производ со iPhone, iPod, или iPad може да влијае врз безжичните перформанси. **Android Auto™ е трговска марка на Google Inc.

ПАМЕТНА КАМЕРА ПРИ ДВИЖЕЊЕ НАНАЗАД

Возењето наназад е полесно од кога и да е. Штом ќе вклучите во степен за движење наназад, задната камера се вклучува, а на екранот од вашиот нов 500L се се појавува остра, јасна слика, од она што е зад вас.

Возете според вашите желби

Копчето за избор на режим овозможува да изберете помеѓу три начини на возење (Normal, Traction + and Gravity Control) за да го прилагодите возилото да одговори соодветно на условите на патот. Така, секое возење во вашиот 500L Cross ќе изгледа едноставно.

Перформанси и безбедност

ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

Супериорна пасивна безбедност. Никој не се грижи подобро за вашето семејство од семејството 500L. Затоа вградивме и до 7 воздушни перничиња.

AUTONOMOUS CITY BREAK

500L е секогаш концентриран на патот. Со автономниот систем за кочење во град, уживајте во безгрижно возење. Системот со ласер сензор на предниот дел ја мери одалеченоста од можните пречки при брзина до 30 km / h и доколку е неопходно кочи за да спречи или ублажи судир. Новиот 500L нема да ве изневери во никој случај, особено не во градскиот сообраќај.

ESC

Комплетна стабилност. Електронската контрола на стабилност (ESC) овозможува новиот 500L да ја има комплетната контрола во непредвидливи ситуации и при лизгава подлога. Системот вклучува автоматски систем против пролизгување (ASR) и контрола на вртежниот момент на моторот (MSR), Hill Holder, антиблокирачки систем за сопирање (ABS), електронски систем против превртување (ERM) и динамичен вртежен момент (DST).

HILL HOLDER

Сакате да совладате планина? 500L го олеснува возењето по стрмни падини, бидејќи Hill Holder оневозможува да се вражањето наназад кога ќе ја ослободите педалата.

ERM

Безбедност при сите услови. Електронскиот систем против превртување (ERM) е врвен систем кој помага да се осигура вашата безбедност со препознавање на ризикот за превртување и негова превенција.

DST

Сѐ е под контрола. 500L секогаш ви помага: затоа, има динемичен вртежен момент (DST) кој го подобрува со активирање на соодветен одговор на управувачот.

Ви треба информација? Разговарајте со нас