ЕКСПРЕСИВЕН

Автомобил со храбра душа и срце исполнето со суштина. Ова е идеалниот опис за секој оној што е во потрага по силен и различен изглед на еден вистински Crossover: браник со off-road  изглед, заштитни браници, специјално дизајнирани тркала, надворешни детали со хромирано-сатенски финиш и покривни носачи. Со цел да дојде до израз неговиот целосен карактер, Fiat 500X доаѓа во 12 различни бои: 4 пастелни нијанси, 5 бои со метален финиш, 1 непрозирна - магнетно-бронзена нијанса  и 2 опции во 3 слоеви-  Amore Red и Amalfi Yellow - во насока на нудење на најширок можен опсег на опции за персонализација.

НАДВОРЕШНОСТ

МОЌТА НА УБАВИНАТА:
НЕПОВТОРЛИВИОТ ДИЗАЈН ЕВОУЛИРА
ВО ЕНЕРГИЧЕН  “CROSS-LOOK” ИЗГЛЕД.

ХРОМИРАНО-САТЕНСКИ ДЕТАЛИ

Рачките на вратите и надворешните обликувани агли го зајакнуваат веќе утврдениот off-road карактер на Fiat 500X Cross

ОГРАДИ НА ПОКРИВОТ

Со посебен финиш.

ХРОМИРАНА ИЗДУВНА ЦЕВКА

ТРКАЛА

Изборот на метални тркала за 500X Cross-Look моделот е навистина широк. Од 17″ сиви непрозирни метални тркала со дијамантски финиш, до 18″метални тркала во два тона со дијамантски финиш, сè до 18″ метални тркала со непрозирен дијамантски финиш.

СУПЕР УДОБНОСТ

Во функција на спортски автомобил од супер класа, 500X Cross Look автомобилот одлично знае како да се грижи за своите патници. Неговиот дел наменет за патници е уреден со цел да служи за многу повеќе работи од најобичен технички простор: структуираната контролна табла потсетува на боја на топено железо и тоа во непрозирен и тродимензионален ефект, додека горната страна од преносниот тунел и украсите на вратите поседуваат прочистен алуминиумски финиш. Внатрешноста е просторна и овозможува топло добредојде на Вашите пријатели, а воедно и на сите Ваши омилени предмети и багаж. Ексклузивниот светлечки амбиент создава неповторлива атмосфера, која ќе го направи Вашето возење многу попријатно.

ВНАТРЕШНОСТ

ИЗГЛЕДОТ НА 500X CROSS-LOOK Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ТЕХНИКА ФУНКЦИЈА.

ВОЛАН И КОНТРОЛНА ТАБЛА

Обликуваниот волан овозможува совршено држење и идеално позиционирање на рацете. Инструментите на таблата со вклучени трициркуларни елементи се потсетување на историскиот 500. Највпечатлив е 3,5” TFT екран, кој му ги овозможува на возачот сите потребни информации на едноставен и навремен начин, потпирајќи се на низата на можности за персонализација.

МЕЃУСЕДИШЕН ЦЕНТРАЛЕН ТУНЕЛ

Овој дел е облагороден со добро-познатиот карбон метален изглед и прочистен алуминиумски финиш, обединувајчи ги во себе MoodSelector™ контролниот систем и контролните механизми за електрични паркинг кочници, кои го заменуваат стандардниот механизам на рачно кочење:  сосема едноставен за употреба, а воедно и ослободува простор помеѓу седиштата.

ПРЕГРАДИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ

Fiat 500X  исто така гарантира оптимална функционалност благодарејќи на различните прегради за складирање, лоцирани во патничкиот дел за складирање.
Исто како и четирите просторни преградни на вратите, на располагање се и обемни фиоки на затворање сместени во долниот дел на таблата и едно од нив во предниот патнички дел во форма на стрип во боја, а воедно и два држачи за чаши во средишниот тунелен дел.

ПРЕГРАДА ЗА БАГАЖ

Просторен и повеќенаменски, овој простор може да држи од 350 па се до 1000 литри со целосно спуштено задно седиште-може да биде опремен и со помошен кревет кој има опција да биде свртен  обратно и прилагоден на висината.
Капацитет на влечење
Максимална тежина од 1200кг

Ви треба информација? Разговарајте со нас