ИДНИНАТА Е ВО ПРОСТОРОТ

Специјално дизајниран простор само за Вас, базиран на иновативна технологија и имплементирани концепти за безбедност. 500L е возило кое Ви го гарантира сево ова и може да се носи со секоја ситуација, вклучувајќи ја и иднината.

ПОКАНА ЗА ПАТУВАЊЕ

Со помош на опцијата Uconnect™, преку нејзините 5″ или 6.5″екрани, можете да ги управувате сите мултимедијални уреди кои постојат во автомобилот: аналогното и дигиталното радио (DAB) вклучувајќи ги и главните компоненти за поддршка (media player, iPod, iPhone, smart phone) поврзани преки USBпорт Aux-in приклучок.

Уредот Uconnect Radio Nav 5″ нуди TomTom 2.5D опција за навигација со 6.5″ Uconnect Radio сателитско-навигациски карактеристики преку3D мапи, напредна опција за водење на патот и ‘One Shot Voice Destination Entry’ која овозможува внесување на адресата преку говорни команди.

Новиот систем Uconnect™ LIVE исто така им овозможува на корисниците преку интеграција со нивните смартфони да користат различни апликации за време на патувањето и на тој начин секогаш да бидат во контакт со нивните пријатели на Twitter; на располагање е опцијата за преслушување на 35 милиони музички траки на Deezer и преку стотици радио станици со помош на Tune-In; опција за добивање на најновите информации и моменталната состојба во собраќајот преку Reuters, камери за мерење на брзината и временските услови благодарејќи на услугата TomTom LIVE.

И тоа не е се: Можете дополнително да го подигнете нивото на Вашето возачко искуство и стил со помош на eco:Drive™ опцијата, која Ви овозможува опција за заштеда на гориви и проверка на моменталната состојба на испуштање на CO2.
Можете и целосно да одите во чекор со Вашето возило со помош на функцијата my:Car: која Ви дава потсетување за локацијата каде што сте се паркирале, Ве информира за тековната состојба на гориво и евентуално постоење на неправилности во рамките на возилото.

ВЕ РАЗБИРА НА ПРВИОТ ДОПИР

Преку колоритниот 5 инчен екран на допир, комуникацијата со Вашиот телефон, радио и MP3 плеер додека возите, станува поедноставна и поинтуитивна од било кога досега.  Преку опцијата Bluetooth® можете да процесирате телефонски разговори и да ги менаџирате примените текстуални пораки,  без притоа да ги тргнете рацете од воланот. На располагање Ви е радио со CD плеер, кој исто така вклучува опција за  дигитално радио по барање и може да се приклучува на надворешни уреди и алатки преку USB и Aux-In ports.

СТАНЕТЕ ECO ВОЗАЧ

Дали сакате да дознаете како да заштедите на гориво и трошоци дури до 16%? Fiat 500L eco:Drive ќе Ве научи како: Секогаш кога се наоѓате позади воланот, апликацијата го снима Вашето однесување, прикажувајќи го Вашето ехо: Индексот на екранот на Uconnect™ 5” радиото Ви дава на располагање совети во реално време, кои ќе Ви помогнат да ги поправите грешките и да го подобрите Вашиот стил на возење. На крајот на сесијата, ќе бидете во можност да го внесете eco:Ville community и да ги споделите резултатите на Facebook и Twitter.

МЕЛОДИЈАТА СЕ ПРОМЕНИ

Во Вашето 500L можете да ја слушате секоја музика што ќе ја посакате: преку Вашиот MP3 плеер, Вашиот телефон или пак преку USB flash drive, користејќи ги контролните механизми на воланот. Дополнително. новиот премиум hi-fi систем развиен во соработка со  Beats Audio продуцира чист и HD звук. Со помош на 6те звучници во делот на предните и задните врати, 1 звучник во делот на багажниот простор и 8-канален  засилувач на звук, новиот звучен систем може да продуцира вкупна моќност од 520 W.

ЗНАЕ КАКО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО

Стандардната опрема обезбедува највисоко можно ниво на активна и пасивна безбедност: 7 воздушни перничиња, ABS со вклучен B.A.S. (систем за помош во сопирањето) и софистициран ESC (Електронски програм за стабилност), кој во себе има интегрирано ASR/MSR функција за спречување на пролизгувањето при забрзување и успорување. Понатаму, во возилото има интегрирано таканаречен Hill Holder кој го олеснува процесот на искачување на угорници, , DST активен систем за управување со воланот кој овозможува понапредна безбедност за време на возењето и управување со функциите во возилот, како и ERM електронски систем за спречување на можното превртување. Со цел да се овозможи побезбедно возење низ сообраќајот, постои опцијата за контрола на сопирањето City Brake Control (на располагање по барање на корисникот)-уред кој детектира присуство на други возила или пречки и притоа автоматски го активира сопирањето со цел да се спречи судир или да се ублажат последиците.

Ви треба информација? Разговарајте со нас