500L Wagon
Преземи понуда
Извонреден дизајн и максимална разноврсност. На располагање со 5 седишта,
500L Wagon е најпросторниот 500 досега.
И во најголемиот од семејството очигледни се заедничките црти на семејството 500. Нова надворешност, истото чувство на припадност. Рестајлингот го опфаќа и страничниот изглед на 500L Wagon, со хромирани детали, рамки, рачки на вратите.
500L Wagon е автомобил кој го собира целото семејство но, пред сè е автомобил којшто те пречекува со извонреден дизајн. Секој детаљ е осмислен за да го олесни твоето уживање во возењето. Благодарение на зголемената просторност и големиот капацитет за багаж: до 560 литри со 5 седишта во стандардна големина, новиот 500L Wagon ти нуди спокојство на удобно и забавно патување за целото семејство.
Вози спокојно: безбедноста на твоето семејство е на максимално ниво. Co 500L Wagon, ќе имаш совршена контрола на маневрите кога е тоа потребно. Системот вклучува: Hill Holder, ABS + EBD, ESP, ASR. Да се тргне на угорница, сега е уште полесно со 500L Wagon, благодарение на системот за задржување на дејството на сопирачката за некоја секунда повеќе, Hill Holder, кој ти ја олеснува работата.
Големи перформанси за 1.6 MultiJet II со 120 КC. Неговиот турбокомпресор со варијабилна геометрија и намалени димензии што овозможува да се достигне уште повисок максимален вртежен момент при низок режим на работа (320 Nm при 1750 вртежи во минута).