Fiat 500 Collezione – Fiat Makedonija

Fiat 500 Collezione

visore_3-7

box_01_img1

Забележлив на прв поглед

Грижливо осмислен дизајн, до најмалите детали, за да се прослави иконата која е секогаш во чекор со модата.
Формите и боите се соединуваат во задоволувачки микс кој искажува единствен карактер во две верзии: хечбек или кабрио.
Линија на убавина Сива/Бела/Сива, сива церада на верзијата кабрио, наплатки од лесна легура од 16” оплеменети со црна обработка и лого Collezione на задната врата: сите особености на Fiat 500 Collezione се осмислени за да го направат единствен и незаборавен.


 

 

box_02_img1

Добредојдовте во светот на елеганцијата

Зад воланот на новиот Fiat 500 Collezione патувањето станува задоволство.

Внатрешноста и надворешноста хармонично се испреплетуваат, бои има на располагање, а бојата на таблата е иста како на каросеријата.

Грижата за внатрешноста не можеше да ги одмине седиштата. Изведени внимателно и со кројачки дух, на свеж и софистициран начин, спремно ти пружаат искуство на совршено патување, со естетско задоволство и удобност.

 

 

box_03_img3

Елеганцијата се претопува со технологијата

 

Патувањето е забавно и безбедно, благодарение на UconnectTM. Музика, контакти, информации за навигација: co Fiat 500 Collezione ти носи секогаш сè со тебе. Доволно е да се поврзеш на твоите уреди Apple и Android.

А, со апликацијата eco:DriveTM добиваш совети во реално време и засновани на твојот начин на возење, за да се намалат емисиите на CO2.