НОВИОТ 500 Е “КАБРИОЛЕТ НА ГОДИНАТА” И “НАЈДОБРИОТ ГРАДСКИ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ” СПОРЕД АНГЛИСКОТО СПИСАНИЕ WHAT CAR?
Новиот 500 освои уште награди во Обединетото Кралство, “Кабриолет на годината” и “Најдобриот градски електричен автомобил” доделени од списанието What Car? во рамките на наградите „Автомобил на годината 2021“. Жирито ги оценуваше карактеристиките поврзани со управувањето, стилот на возење и автономијата, цената и внатрешното уредување, каде Новиот 500 беше прогласен за најдобар, и за прв пат во историјата на доделување на нагарадите организирано од страна на ова списание еден електричен автомобил ја освои и наградата „Кабриолет на годината”.
Новиот 500 е првиот комплетно електричен автомобил на Групацијата FCA и располага со карактеристики од врвот на гамта. На пример, поседува батерија од 42 kW што му овозможува голема автономија, до 320 km во циклус WLTP, односно 450 km во градски циклус и во серија е опремен, во верзиите Passion и Icon, со брз полнач од 85kW. Доволни се само 5 минути за да се наполни батеријата за да се поминат 50 km, што е и повеќе од доволно за вообичаено дневно возење низ град. Инаку, со брзиот полнач за само 35 минути се полни 80% од батеријата. Од гледна точка на перформнансите, батериите се вклопени со електричен мотор со моќност од 87 kW, односно 118 КC, што овозможува максимална брзина од 150 km/h (самоограничена), забрзување од 0 до 100 km/h за 9,0 секунди и 0 до 50 km/h за 3,1 секунди.
Новиот 500 е опремен и со системите ADAS “Напредни системи за помош на возачот” кои го прават возењето полесно, посигурно, поедноставно и позабавно. Новиот 500 е и првиот автомобил во овој сегмент којшто е опремен со автономно возење од ниво 2.
Лука Наполитано, шефот на EMEA за брендовите Fiat, Lancia и Abarth, изјави: “Одушевени сме со добивањето на овие признанија, доделени на Новиот 500 само неколку месеци по неговото претставување на печатот. Само 2 месеци по неговото лансирање во Европа продадовме преку 10.000 автомобили од Новиот 500, станувајќи на тој начин број 1 на електричниот пазар во Италија во месец декември минатата година”.
Стив Хантингфорд, директорот на What Car?, изјави: “Новиот 500 е првиот електричен автомобил кој ја добива наградата “Кабриолет на годината”. Ако некогаш е создаден автомобил за возење низ град, тогаш тоа е сигурно Fiat 500. Пократката должина од конкурентите, ултралесниот волан и широката видливост го прават Новиот 500 автомобил со кој најлесно минувате, паркирате и управувате низ градскиот метеж. А, благодарение на автономијата, која е многу подобра од онаа на конкурентите, тоа е и најсоодветен