Дизаjн – Fiat Makedonija

Дизаjн

Дизаjн

 

ВРАЌАЊЕ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СТИЛ

Помеѓу  крајот на ʻ90 и почетокот на 2000 дизајнот на Fiat настојуваше производот пред сè да располага со висока функционалност на сметка на емоционалното чувство: формите беа израз на потребата за просторност на автомобилите.

 Помеѓу  крајот на ʻ90 и почетокот на 2000 дизајнот на Fiat настојуваше производот пред сè да располага со висока функционалност на сметка на емоционалното чувство: формите беа израз на потребата за просторност на автомобилите.

Денес марката реши да земе поинаква насока, вдахнувајќи се од најдобрата традиција на италијанскиот дизајн, сочинет од хармонични форми каде што сите линии се хомогени и доследни: комбинација на традиционални вредности, споени во еден секогаш јасен и и новативен збир.

Враќањето кон италијанскиот дизајн се искажува преку надоместот на влијанијата на најдобрите италијански автомобили од златниот период на италијанскиот дизајн, произведени или претставени во ʻ50 и ʻ70; од залагањето на конструкторите од торинската област, како Пининфарина, Бретоне или Италдизајн, кои со нивното вкоренето и длабоко искуство во секторот нудат огромно културно наследство; од едно силно запазување на италијанската култура и особено на еден од нејзините максимални изрази, модата.

13

СТИЛСКИ ЦЕНТАР ФИАТ

КОГА ДИЗАЈНОТ ЈА ДАВА ФОРМАТА. И СОДРЖИНАТА

134    

Визионерски цели за еден единствен проект: да се биде пред иднината. Како да се замисли она што не постои? Ако иднината се претскажува на малкумина, иако книгите на Исак Асимов успеваат да ја опишат на мошне веродостоен начин, тогаш во работилницата 83, од 2007 новото седиште на Стилскиот Центар на Групацијата Fiat, иднината се крои секојдневно.

Нашиот начин да се видат нештата е шематскиот приказ, на хартија. Доволно е да се фрли поглед на футуристичките примероци и веднаш да се добие јасна идеја кон каде се движи светот. Насоките се вцртани на овие листови, раскажувајќи ни ја иднината преку заоблените и обвиени форми, на неочекувани удобност и простор, на сигурност во постојан развој. BLOCK 3

MЕЃУ КРЕАТИВНОСТА И ФУНКЦИОНАЛНОСТА

Мозоците кои секојдневно работат на сето ова, не се вонземски, ниту во минатото Бретоне или Пининфарина ја прашувале кристалната кугла. Во стварноста тие се едноставни човечки суштества, со посебен талент и чувствителност, способни постојано да ја истражуваат нивната креативност за да го претстават на функционален и восхитувачки начин она што некогаш некој го раскажал. Да постои.

NEW PANDA

ИДЕЈА ДА ГО НАПРАВИМЕ ОНА ШТО САКАМЕ.

ИДЕЈА ДА ГО НАПРАВИМЕ ОНА...

Тоа е механичко суштество, но сепак ти дава чувство. Затоа што е дизајнирано да биде дел од нашиот свет. За да му даде простор на нашиот стил, да ги смести предметите кои за нас се важни, кои можеби вообичаено се спикани на најневозможните места.
Лични ефекти, често се лични мислења.
Вредноста на нештата е дадена преку нивната способност да нè погодат, како музиката на пример. Во автомобилот, таа е нашиот звучен столб, па доволно е Моцарт или Принц да бидат ставени на едно CD, но што ако тоа CD е спикано во некое тесно ќоше или на некое друго скриено место? Намерата не беше овие места да се  занемарат, туку нивното пронаоѓање стана лов на богатство. Сето ова во Panda никогаш нема да  се случи, затоа што нејзината вредност е што знае да даде вредност.

FIAT 500

СВРТИ СЕ ДА ВИДИШ, ТОА Е 500.

СВРТИ СЕ ДА ВИДИШ, ТОА...

Така се случува, ако имаш харизма, луѓето не може, а да не те гледаат. Во нашиот случај, 500-тката има 76 години и понатаму сите ја сакаат, и мажите и жените. Таа е секогаш современа, и во тренд, и со компактноста, со енергијата што ја ослободува, свиоците и понатаму се меки, сигурноста во држењето ја прават вистинска легенда.
Кралица на уличниот стил.
Кога нејзините фарови ќе се сретнат со твоите, почнуваш да ја сонуваш, тоа е магија. Има секогаш најгламурозни бои, сега веќе носи само Гучи, едниствен бренд кој имаше чест да го облече. 500-тката  е референтна точка на која сите ѝ завидуваат, а таа секому одговара со насмевка, затоа што никој не може да го засени нејзиниот стил.

УБАВА ОДНАТРЕ, ПРЕКРАСНА ОДНАДВОР

Понекогаш може да се замислиме дали е поубава или пак поинтелигнтна. Нејзините решенија се напредни во поглед на сигурноста и заштедата на потрошувачките и би можеле да ја ослабат интелигенцијата, но за една примадона, тоа би било назадно. Вистината е секогаш на средина, а таа средина се вика 500.

FIAT 500L

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПОРАСНЕ

ВРЕМЕ Е ДА СЕ ПОРАСНЕ

Ако да се порасне, значи да се смени, тогаш да се порасне заедно со некого, значи да се смени два пати.
Патот на животот секогаш е полн со изненадувања. Товарот на искуството постојано се зголемува. За ова има цела една логика зад секој незјин елемент, зад секој избор и на најмалата линија, логика која влез и пристап.
Растат нејзините форми, расте нејзиниот изглед, станува голема, просторна, гостопримлива, станува 500L.
Ти се допаѓа да пораснеш со неа?

ИНСПИРИРАНА ОД „ДА“

ИНСПИРИРАНА ОД „ДА“

Едно патување со твојата најдобра пријателка на фудбалски натпревар, со децата на кампување. Како те гледа кучето секој пат кога излегуваш од дома? Тоа се твоите потреби за да ја насликаш колата што ја сакаш, а таа ти овозможува да кажеш „да“ на она што сакаш да го направиш. Во неа секој сантиметар е осмислен за тебе, за твоите пријатели, за твоето семејство.
Создаден е концептот  500L, од твојата желба да пораснеш и од нашата тоа да ти го овозможиме.
Повикај ја твојата пријателка да те поведе на море, подготви го твојот ранец за на фудбал или шаторот за твоите деца.
Кучето и понатаму те гледа? Да. Денес доаѓа и тоа со тебе.

Најново од Fiat