Panda Raid 2018: незапирливата Fiat Panda ја освојува пустината – Fiat Makedonija

Вести

Panda Raid 2018: незапирливата Fiat Panda ја освојува пустината

19 March 2018

180314_Fiat_Panda-Raid_HP

Минатата недела заврши “Panda Raid 2018”, возбудливата редовна трка, резервирана за моделите Panda конструирани пред 2003, во верзиите 4×2 и 4×4, која започна на 3 март во Мадрид за да стигне на 10 март во Маракеш откако се соочи со предизвикот да ја мине пустината во Мароко. Вкупно се поминати преку 3.000 километри, на делни ци опсипани со сонце и песочни патеки, преку непреодни места кои би го ставиле на проба било кое друго поголемо теренско возило.
180314_Fiat_Panda-Raid_05
Средбата на Rally Raid веќе стана класика – категорија која припаѓа на митската трка Дакар – иако со аматерски дух, “Panda Raid” стигна до нејзиното десетто издание и на неа учествувале рекордни 400 историски автомобили Panda кои доаѓаат од сите четири страни на светот: од Аргентина до Камбоџа, од Пенсилванија до Италија.
180314_Fiat_Panda-Raid_04
Разнобојниот караван тргна од Мадрид и најпрвин се упати кон брегот, поточно до пристаништето Мортил, за потоа – по кратко патување со траект – да стигне до езерото Мохамед V (4 март). Оттука, експедицијата продолжи по песочни патеки и предели, преку пустински пејзажи и глеткина бескрајниот хоризонт , доаѓајќи до Бни Таџиде (5 март), Ерашидија (6 март), Мерѕуга (8 март), Тансихт (9 март). Последната етапа беше на 10 март co пристигнувањето во легендарниот Маракеш.
180314_Fiat_Panda-Raid_03
Извонредно патување – кое веќе десет години магично ги комбинира авантурата, природата и недопрените пејзажи поминати зад управувачот на автомобилот кој освои вкупно 7,5 милиони купувачи, уште од далечната 1980 до денес. И понатаму продолжува да воодушевува со своите карактеристики на робусност, динамичност и практичност. А, веднаш до 400 историски автомобили Panda се најде и новиот модел на Fiat Panda Cross 4×4 кој го помина целиот пат. Симболично сведоштво за минатото и сегашноста за моделот кој од пред петнаесет години е еден од најпродаваните во својата категорија во Европа. Со еден збор, неприкосновениот владетел на европските градови уште еднаш покажа дека и на пустинските дини е во свој елемент.
180314_Fiat_Panda-Raid_02
Природен наследник на митската Panda 4×4, создадена пред 35 години, сегашната Panda Cross 4×4 ја нуди сета ексклузивност на SUV возило од повисок сегмент, во севкупно 3,7 метри. Неговата победничка карактеристика е единствената комбинација на погонскиот систем типичен за теренско возило со перформанси и содржини на SUV возило, а надворешни димензии и подвижност на градски автомобил. Сè на сè Panda Cross 4×4 е “сенаменска” затоа што може да ја помине секоја препрека – благодарение на интегралниот погон и на електронскиот диференцијален блок, за прв пат воведен на пазарот – и затоа што ги привлекува клиентите од различни категории кои во неа наоѓаат одговор на сите нивни потреби за движење.
180314_Fiat_Panda-Raid_01
На крај, да се напоменеме со успехот на “Panda Raid 2018” се збогатија досегашните добиени награди. Така, освен што е првиот градски автомобил со интегрален погон (1983), Panda е и првиот автомобил во нејзиниот сегмент кој во 2004 ја доби престижната титула “Car of the Year” и е прв градски автомобил кој се искачил на 5.200 метри, во базата на кампот на акспедициите кои се искачуваат на Монт Еверест. Долгата серија на рекорди продолжува во 2006 кога Fiat Panda стана првиот градски автомобил со напојување на метан произведен на лента. Денес е единствен автомобил во сегментот кој има 4 видови на мотори (бензински, дизел, комбинирани бензин/метан и бензин/ТНГ), три естетски верзии (Urban look, City Cross и 4×4) и два погони (преден и интегрален) какои два менувачи (мануелен и роботизиран Dualogic).

Torino, 14 март 2018

Најново од Fiat