Fiat 500 станува дел од MoMA во Њујорк – Fiat Makedonija

Вести

Fiat 500 станува дел од MoMA во Њујорк

04 July 2017

170704_Fiat_500F_MoMA_slider

  • Fiat 500 станува дел од современата уметност и е дел од постојаната изложба на MoMA во Њујорк (http://press.moma.org/2017/06/acquisition-fiat-500/).
  • Извонредно признание за уметничката и културна вредност на оваа икона на италијанскиот стил во светот, токму на 60-иот роденден на автомобилот.

Најсаканиот автомобил во историјата на Fiat, иконата која ги “моторизира” Италијаните и амбасадор на добрата волја во светот, денес го прославува својот шеесети роденден со еден специјален настан, кој е посветен на неговата историја, неговиот стил и дизајн кој го направија славен насекаде во светот. Ќе стане дел од постојаната изложба во Музејот на современа уметност во Њујорк MoMA.
“Ако е вистина дека Fiat 500 ја одбележа историјата на автомобилите, тогаш е вистина и дека никогаш не бил само автомобил “, ова се зборовите на Оливие Франсоа, директорот на брендот Fiat и директор на маркетинг на FCA. “Во неговата 60 годишна историја, Fiat 500 ја помина границата на неговото материјално постоење за да навлезе во колективниот имагинарен свет, станувајќи икона која сега ја има честа да биде потврдена како дел од MoMA: признание за неговата уметничка и културна вредност.”

“Fiat 500 е икона на автомобилскта историја која засекогаш го промени начинот на дизајнирање и производство на еден автомобил” изјави Мартино Стиерли, “Philip Johnson Chief Curator of Architecture and Design” на MoMA. “Да се додаде ова секојдневно ремек-дело на нашата колекција, значи овозможување да се прошири приказната на MoMA за историјата на автомобилскиот дизајн”.

Примерокот кој ќе биде изложен во MoMA ќе биде 500 серија F, најпопуларната верзија на 500 на сите времиња, која се произведуваше од 1965 до 1972. “Малиот голем автомобил” на Куќата Fiat од почетокот постигна успех а сите континенти, а 18-те КС на неговиот двоцилиндричен мотор од 499,5 cm3 му овозможуваа да достигне брзина од 95 km/h на сите патишта низ светот. Од 1957 до 1975 се произведени преку 4.000.000 примероци. Од новиот 500 до крајот на педесетите години, од Sport и потоа D, најмоќните, а тука е и F која го држи рекордот на произведени примероци сè до најлуксузната верзија L, за да стигне до верзијата R.
Fiat 500 не беше само одлика за моторизација на масата. Со текот на времето стана икона на стилот и дизајнот. Единствен дизајн, од „муцката со мустаќи“, фарови, ја инспирираше фантазијата на уметниците кои го интерпретираа во поглед на елеганцијата, ексклузивноста и спортскиот карактер. Имаше способност да остане верен на самиот себе и истовремено да биде секогаш млад, иако помина шеесет години на обичаи, мода и општествен живот. Успешен автообил, но и културален феномен во центарот на сцената од пред шеесет години, без да излезе од мода. Со лансирањето на новата генерација во 2007, 500 се покажа во многу оригинална и cool гардероба, во верзиите лимузина и кабриолет и преку специјалните серии постигна извонредни успеси (500 by Diesel, 500 Gucci и 500 Riva).

Успехот е преплавен со бројки: Fiat 500 е лидер во продажба во Европа, на прво место во 8 земји и на подиумот во уште 6. Верзијата од 2007 ги освои срцата на 2.000.000 возачи за само десет години иуште на самиот почеток освои многубројни награди и признанија, меѓу кои Автомобил на годината и Златен Компас.
“500-ката” е симбол на италијанската креативносткоја, отсекогаш ги инспирира уметниците и дизајнерите во целиот свет, станувајќи икона на убавината и на уметноста. Денес прави чекор понатаму, станувајќи самата по себе уметничко дело, рамо до рамо со останатите големи икони на италијанскиот дизајн и понатаму останувајќи “Forever Young”. Среќен роденден 500! И… изненадувањата не завршуваат овде….

Најново од Fiat