Fiat и Esselunga постигнаа Guinness World RecordTM: испорачани 1.495 Fiat 500 за помалку од 48 часа – Fiat Makedonija

Вести

Fiat и Esselunga постигнаа Guinness World RecordTM: испорачани 1.495 Fiat 500 за помалку од 48 часа

22 June 2017

Hai Vinto 500

Рекордна испорака: 1.495 Fiat 500 преземени во само два дена од страна на среќните добитници на конкурсот објавен од Fiat и Esselunga. Историски настан, потврден со официјалното присуство на судији од Guinness World RecordTM кои го потврдија влезот во книгата на рекорди.
Сите оние кои го преземаат својот автомобил Fiat 500 “Esselunga” придонесоа да се испише историјата на ова партнерство за рекорд. Добитниците пристигнаа од сите краишта на Италија: Лацио, Тоскана, Емилиа Ромања, Венето, Лигурија, Ломбардија и Пиемонте.

Посебен впечаток оставија 1.520 Fiat 500 во бела пастелна боја поставени долж пистата за проби во фабриката во Мирафиори, местото на кое се тестирани безброј возила кои придонесоа да се изгради историјата на марката.
Специфичниот модел е создаден во соработка со Центарот за дизајн на Fiat токму за конкурсот, co посебно наменета персонализација. На основата на нивото на опременост Lounge 1.2 69 КС поставени се: ексклузивен беџ “Esselunga” на рамката, плочка со реден број во внатрешноста, хромиран заден дел на надворешните ретровизори и специфични наплатки од 14″ “Color Therapy”.

170619_Fiat_Esselunga_02

Fiat 500 носител на конкурсот, е со бела пастелна боја со внатрешност во боја на слонова коска. Сериската опременост е многу богата и вклучува 7 воздушни перничиња, клима уред, систем infotainment Uconnect 5″ Radio LIVE, влез AUX-IN и USB, команди на волан и дневни LED светла.
Овој рекорд и соработката со Esselunga ја потврди единственоста која отсекогаш ја карактеризира историјата на Fiat 500 и придонесува за неговиот светски успех. Esselunga, за да ги прослави 60-те години од работењето, избра еден посебен автомобил, единствен од тој вид, за да ја награди верноста на клиентите кои секојдневно продолжуваат да ги бираат производите и услугите кои тие ги нудат, споделувајќи ги истите вредности, како вниманието кон клиентите и единственоста кои ги здружуваат Fiat и Esselunga.

170619_Fiat_Esselunga_01

Најново од Fiat