Новиот Fiat 500 Anniversario: специјален подарок за прославата на неговиот 60-и роденден – Fiat Makedonija

Вести

Новиот Fiat 500 Anniversario: специјален подарок за прославата на неговиот 60-и роденден

04 July 2017

170629_Fiat_500-Anniversario_slider11

Секогаш верен на самиот себе, Fiat 500 често се покажуваше во различна облека, скогаш ексклузивна: една од тајните на неговата вечна младост. Неговиот дизајн остана единствен и ја инспирира фантазијата на уметниците и на стилистите, кои ја интерпретираа во однос на елеганцијата, ексклузивноста, спортскиот карактер. Во специјалните сериии се вброи и “500C by Gucci”, “500 by Diesel” како и неодамнешната 500 Riva, “The Smallest Yacht in the world”. Различни креативни светови кои знаеја да го преточат сето тоа во еден сакан, ентузијастички и изненадувачки автомобил.

Ништо не е подобро од можноста роденденот да го прослави со новата серија во извонредната година на неговиот шеесети роденден. После Fiat 500-60-и, специјална серија во ограничен број и посветена на шеесетте години постоење, претставена на Саемот во Женева, која ја прославува најексклузивната вокација на 500, создаден е Новиот Fiat 500 Anniversario, кој се враќа на најнародскиот изглед на автомобилот. Ќе може да се нарачува и да се види во сите продажни салони низ Италија од 4 јули, денот на прославата на неговиот роденден.

Тому на 4 јули 1957, за прв пат во Торино беше претставен „малиот голем автомобил“ одлика на моторизација на масата. Успехот се повторува со обновувањето во 2007, а потоа и со верзијат од 2015, која токму оваа година ја надмина бројката од два милиони продадени примероци. Fiat 500 Anniversario е подарок кој 500 го дава на оние кои сакаат специјална серија, богата со ексклузивни содржини и по пристапна цена за сите. Токму Fiat 500 Anniversario ќе се продава по промотивна цена при лансирањето од 13.600 евра, кои може да се намалат и за 1.000 евра во случај на финансирање со Menomille. За да го прослави на најдобар начин својот роденден, 500 предвидува и плаќање на 99 евра месечно во текот на две години, со можност за задржување, менување или враќање на автомобилот.

Fiat 500 Anniversario е на располагање во верзиите лимузина и кабриолет и се навраќа на иконата Made in Italy од 1957 преку современо навраќање на некои карактеристики кои го направија слацен во годините на долче вита.

Стилските детали се плод на современа реинтерпретација на единствените стилски одлики на прапредокот. Новата специјална серија ссе карактеризира со изглед од шеесетите кој потсетува на историскиот автомобил, како и две нови бои на каросерија, инспирирани од ненадминливата икона со хромирани елементи на хаубата и заднинана ретровизорите, историски логоа на Fiat, како и наплатки од лесна легура од 16″ vintage или алтернативен дизајн со дијамантска обработка која потсетува на некогашните. Елеганцијата на автомобилот ја истакнува логото “Anniversario” со ракописни хромирани букви на задната врата.

Однатре, секој детаљ е осмислен за да ги долови стилот и атмосферата од шеесетите години, но со иновативен допир. Новите штофени седишта на хоризонтални риги во целосен стил sixties, co извезени подлога и лого 500, во склад со бојата на каросеријата, портокалова Sicilia и зелена Riviera, кои евоцираат на перодот на долче вита. Отсекогаш, Fiat 500 поседува изглед кој не може да се имитира, а Anniversario ги издигнува виталноста и енергијата кои се искажани преку таблата во боја на каросеријата. И во внатрешноста е присутно логото “Anniversario”, извезено на патосниците.

170629_Fiat_500-Anniversario_01111

Виталноста од шеесетите е надополнета со технологија од последната генерација: Новиот Fiat 500 Anniversario го нуди најдоброто од комфорот и поврзувањето. На располагање е пакет UconnectTM Link Plus кој вклучува дигитална инструмент табла TFT 7″, радио Uconnect 7” HD LIVE, подготовка за Apple Car Play e Android AutoTM и, по барање, навигатор, интегриран со мапи Tom Tom.
Гамата ја комплетираат бензинските мотори, моторите со напојување на GPL и дизел моторите со моќност од 69 до 95 КС.

Најново од Fiat