Незапирливиот Fiat Tipo прави „пат околу светот“ за 133 дена – Fiat Makedonija

Вести

Незапирливиот Fiat Tipo прави „пат околу светот“ за 133 дена

13 February 2017

170206_Fiat_Tipo-Giappone_01_slider

• Сериски автомобил што помина исто растојание како земјината обвивка: 41.000 километри.
• Патот околу светот на Fiat Tipo, траеше 133 дена, помина преку 22 земји и 122 града.
• Иако помина по патишта во многу лоша состојба, некои од нив и неасфалтирани, Fiat Tipo брилијантно го помина невообичаениот “стрес тест”, без да му се случи каков и да е механички дефект.
• Единствените интервенции на кои беше подложен во текот на целото патување беа замената на две гуми кои се дупнаа и редовното одржување, како и, нормално, полнење со гориво.

Серискиот автомобил Fiat Tipo изведе извонредно патување изминувајќи 41.000 километри – истото растојание како Земјината обиколка – за време од 133 дена, поминувајќи низ 22 земји и 122 града. Го возеше новинарот Окан Алтан.

Тргнувањето беше на 13 август, директно од фабриката Тофаш во Бурса, Турција, една од најиновативните индустриски фабрики во светот, факт што го потврдува и златниот медал од World Class Manufacturing, Fiat Tipo не беше подложен на ниту едена дополнителна техничка интервенција за да се соочи со долгиот пат околу светот. Првите етапи од патот околу светот беа низ Европа: после Турција, Fiat Tipo, во верзија со 4 врати, со црвена боја на каросеријата, помина низ Бугарија, Романија и Украина, за потоа да влезе во Русија. Тука, се возеше по патот што ја следи најпознатиот и најдолг единечен железнички систем во светот, Транссибирската железница, патувајќи по 11 часа на ден, во текот на 8 дена без никаков напор. Патот продолжи низ Јапонија, каде автомобилот беше пречекан со воодушевување од страна на населението, пред да се качи на брод во Јокохама за да стигне во Мексико.
Секако дека во една ваква авантура не може, а да не се случи нешто непредвидено: во случајов, бирократски проблем, Алтан требаше да чека 11 дена пред да влезе во централно-американската држава. Патувањето продолжи со 40-дневна навигација со која беа покриени 6.000 километри од Атлантскиот Океан кој ги дели Мексико од Велика Британија. Откако се спушти на англискиот брег Fiat Tipo помина низ 14 различни европски држави меѓу кои Холандија, Германија, Франција, Швајцарија, Австрија и Италија.

Патот околу светот Fiat Tipo го заврши во татковината на оригиналниот истражувач којшто во текот на преку 400 часови вкупно возење, можеше да ги испита доверливоста и удобноста на возилото на разните патишта по кои се движеше, дури и на оние, најнепредвидливите во целосно спротивни климатски и метеоролошки услови. И тоа не беше заслуга на посебна подготовка на возилото, туку резултат на извонредноста на „проектот Tipo“ за кој беа потребни преку 3 години, тим од преку 2.000 технички лица и специјалисти и регистрираше речиси 9 милиони километри тестови во најекстремни услови и географски ширини.
Така се раѓа еден доверлив и квалитетен автомобил како конкретен израз на формула, базирана на персоналност, едноставност, функционалност споени со неспоредлива понуда на вредност: тоа се карактеристиките кои го пробија патот до успехот на фамилијата Tipo. Во моментов на располагање е верзија со 4 и 5 врати, како и верзија Station Wagon, цо бензински мотори, дизел и GPL, co механички и автоматски менувач. Извонредна и комплетна понуда, насочена кон “value for money”, клучен елемент во стратегијата на функционалното семејство Fiat, како што се наведува во слоганот „потребно е малку за да се добие многу”.

Најново од Fiat